1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поскап паркинг за големи автомобили

27 септември 2021

Некои германски општини воведоа поскапи тарифи за паркирање за погабаритните возила. Доколку сакате да возите луксузен СУВ ќе платите и шест пати повеќе од досегашната цена.

Deutschland Berlin Symbolbild SUV
Фотографија: Imago Images/S. Zeitz

Шест пати повисока цена за паркирање на големите возила ќе плаќаат во иднина граѓаните на германскиот град Тибинген. Општинскиот совет одлучи наместо досегашните 30 евра годишно, газдите на големите автомобили како популарните СУВ во иднина да плаќаат по 180 евра годишно. Се работи за паркирање за резиденти кое досега во Германија беше законски ограничено на 30,70 евра годишно. Со измената на законот за сообраќај, сега таа надлежност им е префрлена на покраините, а тие пак имаат право да им ја префрлат на општините.

Па така, во Тибинген веќе одлучија да ја зголемат цената за годишното паркирање за „нормалните“ возила на 120 евра годишно, а сопствениците на поголемите ќе плаќаат и повеќе. Поскапувањето не ги опфаќа само социјалните категории граѓани кои ќе добиваат попуст од 50%.
Градоначалникот на Тибинген, Борис Палмер од партијата на Зелените, вели дека досегашната цена не била пазарна досега, а нема да биде ни во иднина затоа што изградбата и одржувањето на паркинг местата чинело далеку повеќе од сега предвидените 50 евроценти на ден.
Градските власти во Фрајбург воведоа уште повисока цена- 360 евра годишно- за паркирање за резиденти. Таква ставка, Палмер сакаше да им наметне на сопствениците на СУВ возилата, но општинскиот совет го одби неговото барање.

Градоначалникот на Тибинген, Борис Палмер од партијата на ЗеленитеФотографија: ULMER/imago images

Нема веќе барање паркинг место

02:08

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми