Последен рок за Иран
10 март 2004Реклама
Содинетите Американски Држави и водечките европски земји по голема дебата вчера се согласија за заедничка резолуција околу иранската атомска програма. Како што се дозна на маргините на гувернерскиот совет на меѓународната агенција за атомска енергија, претставниците на САД, Германија, Франција и Велика Британија формално го укориле Техеран кој и покрај официјалното ветување досега не објави важни делови од неговата атомска програма. Што и да го натера либискиот лидер Гадафи за промена во неговата нуклерна политика, за ИАЕО станува збор за важен чекор: по неколкумесечни тајни преговори тој не само што официјално се откажа од производство на оружје за масовно уништување, туку сега ќе го потпише и дополнителниот протокол за забрана на атомското оружје. Кога пак за овој документ зборува шефот на орагнизацијата Мохамед ел Барадеи тој постојано објаснува зошто е толку важен. Во минатото инспекторите на ИАЕО констатираа дека нуклеарните постројки често и долго можеа да ги контролираат без притоа да можат да го спречат развојот на атомското оружје. Имено, договорот за забрана на производството на атомско оружје дозволуваше контрола на оружјето кое многу порано беше пријавено. Оттаму Либија и други држави можеа да ги залажуваат меѓународните контролори. Без построга регулатива постоеше опасност договорот да ја загуби вредноста, вели Мохамед ел Барадеи:
"Сите земји треба да го потпишат дополнителниот протокол. Досега меѓутоа, тоа го направи секоја петта држава и тоа е голем проблем. Зашто без протоколот не можеме вистински да работиме. Ако нациите сериозно го сфаќаат договорот за забрана на атомското оружје, мораат да ни дадат и гаранции".
Во дополнителниот протокол имено, се е запишано во детали. Државите што ги прифаќаат се должни на инспекторите да им издадат годишни визи. Тие смеат да извршат инспекција не само на пријавените атомски постројки, туку и истражувачките лаборатории, рудниците за ураниум или складиштата и тоа без некоја долга временска преднајава. Времето на предупредување е меѓу 2 и 24 часа за да се спречат маневри за мамење. И покрај потпишувањето на овој протокол, инспекторите имаат доволно проблеми со Иран. Скоро во последниот момент САД и европските земји успеаја да се договорат.
Американците го сомничат Иран дека и натаму тајно развива атомска бомба, иако раководството во Техеран во декември го потпиша дополнителниот протокол и требаше да гарантира пристап до сите постројки. Токму околу тоа постојат несогласувања кои траат до денес. Оттаму, сега на Иран му е даден последниот рок да ги даде сите објаснувања, пред Советот за безбедност евентуално да прогласи санкции против Техеран.

Реклама