Последиците од невремето на Халкидики снимени со дрон
12 јули 2019Седмата и последна жртва на невремето на Халкидики е локален рибар кој останал на отворено море за време на големата бура. Според локалните жители, невремето траело само околу 20 минути, но ветровите со брзина од над 100 километри на час и поројниот дожд предизвикале огромна штета.
Повеќе од 120 луѓе, претежно туристи, побарале медицинска помош, а 23 се уште се на лекување во локалните болници, меѓу нив и една 72 годишна жена која е во критична состојба.
Повеќе патишта на полуостровот се уште се отсечени поради паднати дрвја и искинати електрични кабли, а портпаролот на грчката влада соопшти дека ќе бидат потребни најмалку два дена за да се нормализира состојбата и целиот регион повторно да добие струја.
Грчката национална метеоролошка служба соопшти дека во невремето кое зафати повеќе делови на земјата во средата биле регистрирани повеќе од 5.000 молњи.
Погледнете повеќе во видеото: