Потпишан Пактот за образование
16 јуни 2004По повеќенеделниот спор, оформен е пактот за образование меѓу стопанството и германската сојузна влада. Претседателот на индустриската и трговската комора Георг Браун и министерот за економија Волфганг Клемент денеска ја потпишаа согласноста за пактот со кој стопанството се обврзува да обезбеди нови 30 илјади места за образование.
Синдикалниот лидер Михаел Зомер критикуваше дека ваквиот пакт ни оддалеку нема да го реши проблемот. “Тоа не е доволно. Ние имаме голем недостиг оти најмалку 100 илјади млади во тековнава учебна година не можеа да најдат места за обука во стопанството. Ви велам дека тоа не е доволно и ние нема да останеме мирни”.
Сојузниот министер за стопанство Волфганг Клемент ги отфрли критиките: “Едно обврзувачко ветување – повеќе во животот не може да се постигне. Инаку, за се‘ може да се негодува”.