1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потпишување на договорот за решавање на спорот за името

ЕМФ
17 јуни 2018

Владите на Република Македонија и на Република Грција претпладнево ќе го потпишат договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Griechenland - Alexis Tsipras und Zozan Zaev
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Договорот ќе биде потпишан во Псарадес, на грчката страна на Преспанското Езеро. 

Делегацијата на македонската влада ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзе се и вицепремиерката, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонската делегација во Грција ќе биде пречекана од грчкиот премиер Алексис Ципрас и од грчката владина делегација. Договорот треба да го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји - Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот во преговорите, амбасадорот Метју Нимиц.

Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

На свечената церемонија во Грција свои обраќања треба да имаат премиерите Заев и Ципрас.

Според предвиденото, официјалната средба на двете делегации потоа ќе продолжи на македонската страна на Преспа, во Отешево, каде што двете делегации ќе имаат билатерален разговор и свечен ручек.

За време на целата церемонија, и во Република Грција и во Република Македонија, ќе присутсвуваат Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации, Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми