1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потпретседателот на Авганистан одбегна атентат врз него

20 септември 2004

Нематулах Шахрани, еден од четворицата заменици на претседателот на Авганистан Хамид Карзаи попладнево остана неповреден при обидот за атентатот врз него. Во судирите на североистокот од земјата загинаа двајца американски војници

Тој и неговите соработници мета на атентаторите, Хамид Карзаи
Тој и неговите соработници мета на атентаторите, Хамид КарзаиФотографија: AP

Бомбашкиот напад во кој едно лице е повредено бил извршен врз конвојот со кој патувал авганистанскиот вице претседател североисточно од Кабул, главниот Авганистански град. Шахрани, кој остана неповреден, предводел висока делегација кон провинцијата Кундуз на отварање на еден автопат.

Бомбата, која според информациите била активирана со помош на далечински управувач експлодирала под автомобилот во кој се наоѓале телохранителите на Шахрани, при што бил повреден возачот.

Обидот за атента врз Шахрани доаѓа само неколку денови по ракетниот напад врз хеликоптерот со кој патуваше претседателот Хамид Карзаи, при кој немаше побвредени и загинати.

Во меѓувреме двајца американски војници загинаа а шест припадници на авганистанската армија се повредени во престрелките со талибанските бунтовници во проблематичниот североисточен дел од Авганистан. 17.000 војници под американска команда во Авганистан се соочуваат со проблеми со милитантите. Кон крајот на овој месец треба да допатуваат уште 1000 маринци како засилување воочи претседателските избори во оваа земја закажани за 9 октомври.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми