1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

„Потребен ни е европски ФБИ“

Рахел Клајн
4 јануари 2017

Шефот на Минхенската безбедносна конференција, Волфаганг Ишингер вели дека со оглед на актуелната терористичка закана Европа мора да се осмели на голем чекор.

USA FBI Ermittler in Orlando
Фотографија: picture-alliance/Zuma Press

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер сака германскиот безбедносниот апарат во што поголема мерка да го стави под надлежност на сојузните власти. На дебатата околу неговите предлози не се чекаше долго. Отпор против преуредувањето на германската безбедносна структура доаѓа пред сѐ од покраините.

Волфганг Ишингер, шеф на Минхенската безбедносна конференција, го поддржува предлогот на де Мезиер за јакнење на сојузните власти- и се залага за уште поголем исчекор во таа насока. „Ние не живееме во вселенска капсула Германија“, изјави Ишингер за Дојче Веле. „Живееме во Европска Унија која во значителна мерка е без граници.  Затоа мора да се размислува широко, а не во хомеопатски капки“.

Ишингер: Сериозна дискусија за предлозите

Наместо секој месец  да се најавува „уште малку поголема размена податоци“  во европски рамки, безбедносниот експерт се залага за голем чекор. „Она што всушност ни е потребно е еден вид европски ФБИ“, истакна Ишингер. Тој жали дека предлозите на де Мезиер во моментов наидуваат на негодување од многу страни. „Овие предлози заслужуваат, детално да бидат дискутирани, а не едноставно паушално да бидат отфрлени“ 

Ишингер за важна ја смета и дискусијата околу протерувањето на таканаречените исламистички „загрозувачи“. Според него, исправно е да се разгледува заострување на практиката на протерување.

Волфганг ИшингерФотографија: DW

Иднината на НАТО

Во однос на безбедносната состојба во Европската унија и иднината на НАТО, Ишингер му дава аванс на доверба на идниот претседател на САД, Доналд Трамп. На прашањето, дали Европејците и натаму можат да се потпрат на САД, шефот на Минхенската безбедносна конференција вели дека мора најнапред да се сочека што Трамп ќе каже при преземањето на функцијата на 20. јануари. „Би била грандиозна почетничка грешка, ако тој ја доведе во прашање единствената функционирачка Алијанса која ги поврзува САД со еден важен дел од светот“.

Што се однесува на идните односи меѓу Русија и САД, Ишингер во идниот претседател гледа шанса. Додека во изминатите години воопшто немаше сериозни разговори меѓу американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин, сега од европска гледна точка е од неминовен интерес, повторно да се одржуваат разговори.

Тој меѓутоа истакнува дека одлуките на двете велесили не смеат да бидат донесени на штета на балтичките земји и на Украина или без консултација со Европејците. „Ако Америка, врз основа на едно обновено уверување за приврзаност кон НАТО, седне на маса со господинот Путин за да разговара за стратешки договор, тогаш тоа го сметам за пожелно“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми