Во корона-кризата, германската политика покажува сериозни недостатоци. Но, да се мисли дека федеративната структура поради ова не чини, е погрешно, смета Зоран Арбутина
Реклама
Странците со дозвола за постојан престој во Германија деновиве не можат да се изначудат на она што го читаат во германските медиуми. Вчудоневидувачки е колку многу и со каква страст, коментаторите и аналитичарите во последно време ја критикуваат Германија. Во контекст на очигледно покажаните слабости во врска со борбата со пандемијата се зборува за „нова германска неспособност“, се пишува за „повеќеслојно потфрлање на политиката“ и за „структурно нефункционирање“ на системот, па дури за „неуспех на државата“.
Во ред, можеби една од германските карактеристики е секогаш да се оди во екстреми. Така сега воспевањето од пред една година кога сите задоволно слушаа воодушевувачки коментари од странство поради успехот во совладувањето на кризата во првиот пандемиски бран оди во другата екстремна крајност. Но посебно е интересно каде ја наоѓаат причината за сегашните неуспеси. Многу често во овој контекст се споменува „расцепканост“ на државната структура и нејзината „фрагментираност“. Тоа се погрдни изрази за федералната структура на земјата востановена по Втората Светска Војна.
Уставен патриотизам значи да се почитува Уставот
Кон средината на 1980те германскиот филозоф Јурген Хабермас понуди елегантно решение за германската нелагодност во однос на традицијата со етничкиот патриотизам. Тој предложи прифаќање на концептот на уставен патриотизам. Тој предлог воглавно е радо прифатен. Германскиот Устав ја уредува државата консеквентно во согласност со начелата на федерализмот, и тоа не само на највисоко ниво како сојузна држава во која покраините имаат далекусежни овластувања, туку и во рамки на самите покраини, па се до локално ниво.
Едно од темелните начела на повоена Германија е идејата различни субјекти да се вклучат во процесите на носење одлуки и со тоа одговорноста за нив да се пренесе на повеќе нивоа. За тоа постојат добри, историски причини. Последниот пат кога земјата беше централистички уредена (по начелото „еден народ, една држава“), тоа како што е познато заврши катастрофално – и за Германија, и за многу други. Висок степен на самостојност не само за покраините, туку и за комуналните Оддели за здравство или Матични уреди при тоа не е никаков пропратен ефект, туку напротив, составен дел на концептот.
Поради тоа еден германски канцелар (или канцеларка) не може да владее како што ќе му се посака, ниту да ја наметнува својата волја – како што многумина и префлаат сега. Поранешниот канцелар Герхард Шредер, кој своевремено се обиде да направи такво нешто, не случајно заврши во прегратка на рускиот автократ Владимир Путин. Поточно германската верзија на американскиот принцип „контрола и рамнотежа“ со тек на времето доведе до премногу раширена пракса на барање компромиси во земјата, и каде што е можно консензус.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
9 фотографии1 | 9
Федерализам наспроти централизам
Во кризни ситуации јасно се покажуваат и недостатоци. Федерализам во комбинација со демократија е компликуван, спор и скап. Барањето компромис и тежнеење кон консензус е напорен процес кој бара време и се трошат сили. Во време на криза тоа делува како политичарите на власт да не знаат што сакаат и се двоумат. Ова ги збунува луѓето и ги прави несигурни. Се јавува желба за некој кој одлучно ќе каже по кој пат треба да се оди, кој ќе даде јасни насоки, кој ќе ја „подмачка“ машината. И тоа е разбирливо.
Но поради ова де се „демонтира“ федералната структура е неразумно. Решението за дилемата федерализам наспроти централизам може да се пронајде во практични решенија кои ќе важат на одредено време. Така на пример, може да се донесе Закон за цивилна заштита во случаи на катастрофа со широки овластувања, и тоа таков кој би важел во целата земја, а не како што е сега случај секоја сојузна покраина да има свој.
Или во постоечкиот Закон за заштита од инфекции да се додадат проширени овластувања за сојузната Влада кои би можеле да се применуваат во јасно утврдени услови.
Цела година во комплетна изолација
02:57
И двата притоа би требало да бидат усвоени во рамки на демократска процедура, без одлагање на итна седница во парламентот. И временскиот рок треба да биде јасно дефиниран, при што секое продолжение би требало да добие согласност и од парламентот (Бундестагот) и од Советот на федерални држави (Бундесратот).
Барање компромис како принцип
Но, две работи треба да се имаат на ум. Од една страна, не е сигурно дека онаму каде што имаме концентирана моќ донесувањето на погрешни одлуки е помало и дека нема да се случи капетанот на бродот да налета на подводна карпа. За тоа има бројни примери, дел од нив и во сегашната пандемиска криза. Така на пример, Франција каде што претседателот е многу моќен, не може баш да се претстави како пример на земја која успешно се справува со кризата. Од друга страна, точно е дека демократијата и федерализмот се поспори и поскапи, но на долг рок тие сепак се покажуваат како поефтини и поефикасни од автократија или диктатура.
Ангела Меркел, незаменливата
По 16 години поминати како претседател на политичката партија ЦДУ и единаесет години на чело на германската влада, се чини дека ерата на Меркел може да има уште едно продолжение.
Фотографија: Reuters/M. Rehle
Првата заклетва
„Сакам да и служам на Германија“ беше ветувањето на Меркел за време на кампањата за канцелар на земјата. По тесната победа, на 22 ноември 2005 година Меркел даде заклетва и стана првата жена канцелар, но и првиот шеф на влада кој доаѓа од Источна Германија. Таа застана на чело на широка коалиција составена од ЦДУ и СПД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Bergmann
Кој се плаши од кутрето на Путин?
На дипломатскиот фронт, Меркел мораше да се соочи со моќен противник. Таа е позната поради својата сталоженост и смиреност. Но, Владимир Путин очигледно сакаше да го стави на тест нејзиното трпение за време на приемот во 2007 година. Тој набрзо ја најде нејзината слабост: Меркел се плаши од кучиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Astakhov
Фонд за црни денови
Меркел вообичаено е смирена што и помогна за време на кризите. Колабирањето на финансиските пазари во 2008 година предизвика проблеми за германската економија. Поради тоа, Меркел презеде акција. Таа беше инволвирана во планирањето на фондовите за спас на еврозоната. На крајот, германската економија се извлече речиси без последици, но мерките за штедење најмногу ги почувствуваа Грците и Шпанците.
Фотографија: picture-alliance/epa/H. Villalobos
Втор мандат
Иако резултатот на ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во 2009 година беше вториот најслаб резултат за партијата во повоениот период, тоа сепак беше победа за Меркел. По широката коалиција со социјалдемократите во претходниот мандат, овој пат Меркел можеше да состави влада со посакуваниот партнер - про бизнис либералите од ФПД.
Фотографија: Getty Images/A. Rentz
Брзо исклучување
Иако по професија е физичар, инцидентот во Фукушима во 2011 година ја претвори Меркел од поддржувач - во силен противник на нуклеарната енергија. Веќе одобрените планови за продолжување на работниот век на германските нуклеарни централи беа откажани и спротивно на нејзините предизборни заложби, Германија наскоро го сопре производството на нуклеарна енергија.
Фотографија: Getty Images/G. Bergmann
„Првиот маж“ на Германија
Дали некој го препознава? Го чул неговиот глас? За време на десетгодишното владеење на Меркел, нејзиниот сопруг Јоахим Зауер, остана незабележан. Професорот по хемија на универзитот Хумболдт во Берлин стапи во брак со Меркел во 1998 година. Тој секогаш останува во позадината кога неговата сопруга е во официјални посети, но во нивниот приватен живот се чини дека е обратно.
Фотографија: picture alliance/Infophoto
Пријателство ставено на тест
Објавувањето на информациите дека блискиот сојузник САД ги пресретнува телефонските разговори на врвните германски политичари отвори голема афера пред меѓународната јавност. Ниту мобилниот телефон на Меркел не бил безбеден од тајните служби на САД. Аферата предизвика проблеми во домашната и меѓународната политика на Меркел.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Грчкиот пациент
Меркел има обожаватели низ целиот свет, но во Грција нивниот број е значително помал. На ниту едно друго место во светот Меркел не била толку демонизирана како што беше во Грција за време на должничката криза во еврозоната. Старите анимозитети беа повторно нагласени по барањата на канцеларката за штедење, економски реформи и кратење на трошењата од властите во Атина.
Фотографија: picture-alliance/epa/S. Pantzartzi
Емотивна, барем еднаш
Иако е воздржана и позната по минималните гестови и изрази на лицето, Меркел не можеше да се воздржи за време на финалето на Светското првенство во фудбал во Рио кога заедно со германскиот претседател го бодреа националниот тим. Во тој период Меркел беше на врвот на својата популарност, исто како и германската репрезентација, со која заедно влијаеа на градењето на меѓународниот имиџ на Германија.
Фотографија: imago/Action Pictures
Ние можеме да го направиме тоа, зарем не?
Кога стотици илјади бегалци пристигнаа во Германија канцеларката изјави дека законот за азил нема лимит. „Ние можеме да го направиме тоа!“ беше мотото на Меркел за време на бегалската криза. Таа тврдеше дека има план. Но, во меѓувреме многумина Германци се прашуваат дали навистина „можеме да го направиме тоа?“
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe
Што е следно?
По терористичките напади во Париз на 13 ноември минатата година Франција објави вонредна состојба. Ангела Меркел на соседите им понуди „целосна поддршка“. Сепак, стравот од тероризам беше сеприсутен. Без сомнеж, Меркел беше соочена со најголемиот предизвик во нејзиното владеење токму на десетгодишнината од нејзиното стапување на функцијата...
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka
Критични сојузници
На партискиот конгрес на ЦСУ во ноември 2015 година канцеларката беше критикувана од баварските сојузници. Хорст Зехофер ја обвини Меркел дека загубила контрола над границите со нејзината политика кон бегалците. Тоа беше понижување кое мораше да го истрпи стоејќи без можност да возврати на обвинувањата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Hoppe
Зарем не може да остане подолго?
Меркел би сакала трет мандат за Барак Обама, иако скандалот со прислушувањето од страна на НСА беше причина за резервираност од нејзина страна. Сепак, Обама ја напушта политичката сцена и му го отстапува местото на Доналд Трамп. Весникот „Њујорк Тајмс“ ја нарече Меркел „последниот чувар на либералниот Запад“.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
13 фотографии1 | 13
Германија, на овој начин со децении беше успешна. Тоа е и една од причините поради кои многумина во странство и се воодушевуваат на Германија и често и завидуваат, и тоа не само поради добрите автомобили кои се произведуваат во земјата. И многу странци сакаат да дојдат во Германија не само затоа што тука можат да најдат работа и пристојна плата, туку и поради тоа што овде се чувствуваат сигурни и можат слободно да живеат. Со оглед на сето ова, нема да биде изненадување, ако еден ден се решат оваа земја да им стане постојано место на живеење.