1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на „скрининг„ за Турција и Хрватска

Bernd Riegert20 октомври 2005

Без црвен килим и фанфари денеска во Брисел започна таканаречениот „скрининг„ како прв чекор во преговорите за членство во Европската унија на Турција и Хрватска.

Џул и Стро: Турција се надева на фер преговори
Џул и Стро: Турција се надева на фер преговориФотографија: AP

Турските и хрватските законодавци ќе треба да се усогласат со правните текстови на Унијата, вели Кристина Наѓи, портпаролка на Европската комисија:

„Целта е најнапред на кандидатите да им се обајсни зошто воопшто постојат законите, правилата и стандардите во Европската унија. Во втората фаза ќе биде споредувани законите, а на крајот Комисијата ќе поднесе таканаречен скрининг извештај„.

Според тоа, треба да бидат откриени недостатоците во правото на земјите кандидати. Според проценките на Европската комисија тоа ќе трае околу една година. Европското право опфаќа 35 поглавја, девет од нив ќе бидат разгледувани уште годинава. Дури по скринингот започнуваат вистинските преговори за членство во кои Турција треба да докаже дека правото насекаде се спроведува. Потоа формално се затвора преговарачкото поглавје. За тоа е потребна согласноста од сите сегашни 25 земји-членки што теоретски значи секоја членка 35 пати да има можност да стави вето. Преговорите со Турција би требало вкупно да траат околу 10 години. Унијата за оваа земја воведе и многу сопирачки и сигурносни клаузули. Патувањето започна, но со незивесен исход, вели еден дипломат во Брисел. Најспорните поглавја во кои секако улога ќе игра нерешниот конфликт за поделениот остров Кипар, ќе дојдат на ред во идната година кога ќе претседава токму Австрија чиј канцелар Волфганг Шисел до последен момент се обидуваше да ги спречи преговорите за полноправно членство. Турскиот министер за надворешни работи Абдулах Џул изјави дека и покрај тоа се надева на фер водење на преговорите од страна на Австрија.

Паралелно со Турција, евро-комесарот за проширување Оли Рен го започна скринингот и со Хрватска. Хрватскиот правен и економски систем е подобро поставен кон европските правила, се вели во комисијата. Со Хрватска преговорите за членство сигурно би можеле да завршат по неколку години, во случај земјата, како што вети, тесно да соработува со трибуналот во Хаг.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми