1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

БГ /АП
23 март 2022

Нејзиното семејство соопшти дека Олбрајт почината опкружена со најблиските. Таа долго време боледуваше од рак. Олбрајт го предводеше Стејт Департментот од 1996 до 2000 година.

Madeleine Albright gestorben
Фотографија: SAUL LOEB/AFP

Поранешната прва дипломатка на САД и експерт за меѓународна политика, Медлин Олбрајт почина во 84 година од животот, по долго боледување од рак, соопшти нејзиното семејство.

Медлин Олбрајт беше именувана за државна секретарка во 1996 година од тогашниот претседател Бил Клинтон, функција која ја извршуваше четири години.

Во тој период, таа беше највисоко рангирана жена во историјата на владата на САД. Не беше во можност да се кандидира за претседател на државата затоа што беше родена во Чехословачка. 

Медлин Олбрајт почина на 84 годишна возрастФотографија: Mandel Ngan/AFP

Олбрајт важеше за директен и остар дипломат која не се воздржуваше да го каже своето мислење. Беше предводник на дипломатските напори за ставање крај на војната во Косово и одлуката да се бомбардира тогашна СР Југославија.

Откако замина од функцијата, таа го критикуваше претседателот Џорџ Буш поради стратегијата „шокирање со сила“, наместо да ја претпочита дипломатијата во однос на војната во Ирак.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми