Почина полицаецот-херој од заложничката драма во Франција
ЖА / агенции
24 март 2018
Полицаецот кој доброволно се замени за заложниците во супермаркетот во Франција и беше ранет од напаѓачот, им подлегнал на повредите.
Реклама
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб преку Твитер-порака ја пофали исклучителната храброст на загинатиот полицаец: „Франција никогаш нема да го заборави неговото херојство, храброста и неговото жртвување“.
Претходно и францускиот претседател Емануел Макрон, кој настанот во Треб го нарече исламистички терористички напад, му оддаде признание за ангажманот на службеникот: „Тој спаси животи, неговото дело им служи за почит на неговите колеги и на Франција“.
45-годишниот Арно Белтрам доброволно му се понуди во замена за држените заложници на киднаперот забарикадиран во супермаркет во југозападното француско гратче Треб. Кога полицаецот останал сам со напаѓачот, 26-годишниот исламист Мароканец пукал во него од досега неразјаснети причини и тешко го повредил. Полицијата кратко потоа упадна во супермаркетот и го уби атентаторот.
Со смртта на полицаецот, бројот жртви се искачи на четири лица. Напаѓачот вчера во регионот на градот Каракасон прво украл еден автомобил и убил еден од патниците во него, по што стигнал во блиското гратче Треб, каде упаднал во супермаркет, пукајќи околу себе и убивајќи еден од вработените и еден купувач.
Полицијата тврди дека тој извикал „Алаху Акбар“ (Господ е голем) и се декларирал како војник на терористичката милиција Исламска држава. Тој наводно рекол дека е подготвен да умре за Сирија и барал ослободување на своите „браќа“ од затвор, меѓу кои и Салах Абдеслам, единствениот преживеан атентатор од нападите во Париз во ноември 2015. година, во кои загинаа преку 130 луѓе. Исламска држава вчера објави дека нападот во Треб е нејзино дело.
Киднапрот од Треб им бил познат на безбедносните органи и неговото име било опфатено во регистар на потенцијални исламистички загрозувачи.
Ноќ што ги промени Париз и светот
Многу детали се се‘ уште непознати. Но, она што е јасно е дека жртви на терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември, се повеќе од 100 луѓе. Слики од една ноќ која најверојатно ќе ги промени Париз и светот.
Фотографија: Reuters/C. Allegri
Први вести
Пријателскиот натпревар меѓу Германија и Франција се‘ уште беше во тек кога агенциите и другите медиуми почнаа да ги пренесуваат првите вести.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Исплашени луѓе
Информациите ги исплашија луѓето во Париз. Од граѓаните беше побарано да не ги напуштаат домовите.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Заложничка драма во „Батаклан“
Во концертната сала „Батаклан“ полицијата нешто пред 1 часот изутрината стави крај на заложничка драма. Таму се одржуваше хеви-метал концерт.
Фотографија: Reuters/C. Hartmann
Претседателот во шок
Францускиот претседател Оланд на народот му се обрати во телевизиски говор. Тој го напушти фудбалскиот стадион во паузата на полувремето - агенцијата СИД јави дека Оланд е „однесен на безбедно“.
Фотографија: Reuters
Навивачи и грачи на стадионот
За тоа време фудбалските навивачи и репрезентативците на Германија и Франција не смееја да го напуштат стадионот. Во внатрешноста на арената се одигруваа драматични сцени.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Alexandre
Повеќемина атентатори
Според извештаите кои стигнуваа во текот на ноќта, станува збор за повеќемина атентатори. Од извори на државното обвинителство се вели дека петмина се убиени. Можно е да има и други соучесници, кои се во бегство.
Фотографија: Getty Images/K. Tribouillard
Стравот на преживеаните
Бројот на загинати е можно да се зголемува. Се зборува за 120 убиени. Преживеаните се во страв.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bureau
Зајакнати безбедносни мерки
Безбедносните мерки се зајакнати во меѓународни рамки. Така е и овде, пред францускиот конзулат во Њујорк.
Фотографија: Getty Images/S. Platt
Солидарност ширум светот
One World Trade Center во Њујорк е осветлен во боите на француското знаме. „Ние сме поврзани со францускиот народ со сериозна солидарност“, изјави њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо.