1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата

ЕМФ
15 јануари 2019

Грчкиот парламент ја отвори расправата за доверба на владата на премиерот Ципрас. Дебатата следува по оставката на министерот за одбрана Каменос.

Griechenland Debatte über Namenstreit mit Mazedonien im Parlament in Athen
Фотографија: Reuters/C. Balkas

Дебатата за доверба на владата би требало да трае два дена. На почетокот на дебатата, премиерот Алексис Ципрас ја бранеше својата политика околу Македонија: „Обидот за надминување на проблемот беше прашање на совест“, рече тој пред пратениците.

Во неделата министерот за одбрана и лидер на помалиот коалициски партнер Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос, најави напуштање на коалицијата со владеачката Сириза поради договорот за името со Македонија. По повлекувањето на Каменос, Ципрас останува без шест пратенички места во парламентот, кој вкупно брои 300 пратеници. Набљудувачите сметаат дека ќе му успее да добие доволно поддржувачи. Се смета дека за доверба на владата ќе се гласа дури утревечер.

Дел од граѓаните на својот премиер му порачуваат да си замине веднаш, додека дел се на мислење дека Грција со нови избори нема многу да добие и дека треба да се научи да се прават договори. Повеќе во видеото:

„Грција мора да научи да се договара“

02:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми