Во Германија почнува сезоната на Божиќни панаѓури. Ги има речиси во секој град. Трговците тријат раце.
Реклама
Тезгите на кои се продаваат колбаси, варено вино, пржени бадеми и рачно изработена облека, украси или кршачи на ореви се отвораат викендов. До крајот на декември на околу 2.500 Божиќни панаѓури во Германија се очекуваат милиони посетители. Нивниот број станува поголем од година во година. „Божиќните панаѓури стануваат сѐ повеќе туристичка цел и се застапени во рекламирањето на градовите“, велат сопствениците на штандови на панаѓурите, кои прават обрт од милиони евра.
Германски божиќни панаѓури: Bye, bye, UK?
00:54
Особено се исплати бизнисот со варено вино. Институтот на германската економија (ИВ) соопшти дека има пристигнато најмногу барања за поставување тезги за вино, но дозвола за штанд од градовите добива само секој петти до секој десетти продавач на варено вино. Намерата е да се остави доволно простор и за уметност и прозводите од рачна изработка типични за Божиќните панаѓури. Според проценките на ИВ, еден просечен посетител троши околу 12 евра на штандовите и околу 20 евра во продавниците околу Божиќниот пазар.
Со оглед на намалениот број на невработени во земјата и зголемените приходи, трговците се надеваат на добар профит годинава. Годинашниот божиќен бизнис, според очекувањата, треба да донесе обрт од 90 милијарди евра.
10 невообичаени Божикни панаѓури
Добредојдовте во светот на божикните пазарчиња. Никаде во светот ги нема толку многу како во Германија- изборот е огромен. Ние ви претставуваме 10 кои се издвојуваат по својата специфичност.
Фотографија: Schauer Christian
Јапонски шмек во Берлин
Ова е неочекувано дури и за божикните пазарчиња во Германија- бројни јапонски ресторанчиња, саке- барови, мода од Јапонија, како и одлични перформанси и концерти. Откако се покажа многу популарно минатата година, организаторите одлучија годинешниот Јапонски божикен пазар да го преселат во Арената во Берлин- голема концертна сала.
Фотографија: DW/C. Deicke
Под мостот: клисурата Равена
Со својата живописна локација во клисурата Равена, божикниот пазар во Шварцвалд нуди романтична атмосфера. Опкружен со високите гребени на клисурата, директно под 40-метри високиот железнички виадукт, тука се наоѓа мало село од дрвени колиби во четирите викенди пред Божик.
Фотографија: Hochschwarzwald Tourismus GmbH
На брод!
Пазарчето Енгелке во Емден е сместено на почва и на вода. Бродовите во пристаништето се празнични украсени со светилки. На нив можете да најдете сѐ што ќе посакате: греано вино, чорба од грашок дури и комплетно божикно мени.
Фотографија: Karl-Heinz Krämer
Божикен каменолом
Специјален амбиент ве очекува и на божикното пазарче во баварскиот Хауценберг. Сместено е во поранешен каменолом, а украсен е со ракотворби од баварската шума. Има и бројни продавници со лојални ракотворби, а особено е интересна сцената на раѓањето на Исус со вистински животни.
Фотографија: Dionys Asenkerschbaumer
Еротски Божик во Санта Паули
Санта Паули е „најжешкиот божикен пазар во Хамбург“ тврдат неговите организатори. Посетителите кои ќе го посетат популарниот Репербан во улицата на „црвените фенери“ во Санкт Паули, можат да се опуштат во отвореното диско опкружено со „секс-шопови“ и „жешки ангелчиња“ во шаторот на стриптизетите.
Фотографија: Agentur Polycore
Среде езеро
На секој половина час, фериботите превезуваат туристи до пазарчето Фрауенинзел на најголемото баварско езеро, Киемзе. На повеќе од 90 штандови се продаваат баварски сувенири, пијалоци и храна. Дополнително уживање е спектакуларната Алпска позадина.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Schrader
Дизајнерски божикен шопинг
Без разлика дали ви е смачено од колбасите и греаното вино, или шопингот ви е омилен дел од предбожикната треска, „Хоули Шит шопинг“ нуди нешто за вас. Првиот пазар со дизајнерска гардероба беше отворен во Берлин, а оттогаш се прошири и во Хамбург, Штутгарт и Келн. Овој нетипичен божикен пазар е добра платформа за младите уметници и дизајнери.
Фотографија: Rolf G. Wackenberg
ЛГБТ Розевиот божикен пазар во Минхен
Традиционалниот божикен пазар на Штефанплац во Минхен е розов и опуштен. Розов Божик е името на настанот посветен на геј и лезбејската заедница. Бонус: доколку барате розови божикни декорации тука нема што нема.
Фотографија: Leon Seefried
Колипки со јастози во Хелголанд
Доколку го посетите Хелголанд, единствениот германски остров на море, можете да ја почувствувате магијата на колибите со јастози. Овие шупи некогаш служеле како работилници и остави за рибарите, но во нив денес можете да пронајдете вкусни вафли, торти и вино.
Фотографија: Brigitte Rauch
Винските подруми во Трабен-Трабах
Подземната божикна магија можете да ја почувствате во поранешните вински подруми во градчето Трабен-Трабах на реката Мозел. Во визбите можат да се купат регионални ракотворби и сортни вина. Одлична вест за зимурливите: подрумите нудат пријатни температури, дури и кога надвор е екстремно студено.