1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Берлинале 2019 - македонски филм во официјална конкуренција

Јохен Киртен
7 февруари 2019

Берлиналето би можело да биде фестивал во знак на жените. Првпат во официјална конкуренција и македонски филм - „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска. Што друго треба да се знае за фестивалот?

Filmfestival Berlinale 2019 Wettbewerb | Film The Kindness of Strangers
Фотографија: Per Arnesen

1. Филмот со кој ќе биде отворен фестивалот

Данската режисерка Лоне Шерфиг ќе го означи почетокот: филм со кој ќе се отвори овогодишното, 69-то по ред Берлинале (7.2.-17.2.2019), е „Добрината на странците“. Тој раскажува за средбата на четворица луѓе во студената њујоршка зима. Лоне Шерфиг, која во 2001 година на Берлиналето веќе ја има освоено Сребрената мечка, е една од седумте режисерки кои се во трка за награди на Берлиналето.

2. Конкуренција

За Златната и Сребрените мечки годинава се натпреваруваат 17 филма, меѓу кои и македонскиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска. Филмот е копродуција меѓу пет земји - Македонија, Франција, Белгија Словенија и Хрватска. Сниман е на почетокот на 2018 година. Приказната на филмот се случува во Штип, каде што секоја година во јануари локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката, а стотици мажи со нуркање сакаат да дојдат први до него. Петрунија неочекувано се фрла во водата од каприц и успева да го фати крстот пред другите. Нејзините конкуренти се бесни – како се осмелува жена да учествува во нивниот ритуал? Настанува општ хаос, но Петрунија опстојува на своето.

3. Германците

Најголемо внимание од германските филамџии, кои на Берлиналето се традиционално многу застапени, предизвика Фати Акин. Повеќепати наградуваниот режисер во берлин и Кан, го престтавува своето ново дело „Златна ракавица“. Тоа е приказна за убиец на жени од Хамбург од 1970-те. Акин настапува во официјалната конкуренција,меѓу другото и против две германски режисерки - Ангела Шанелец и Нора Фингшајт. Германскиот филм годинава има силна презентација и во други категории. Од 400 нови филмови, 109 ги имаат режирано германски режисери.

„Златна ракавица“ на Фатих Акин - приказна за убиец на жени Фотографија: Gordon Timpen/2018 bombero int. Warner Bros. Ent.

4. Жири

Кој на крајот ќе ги држи наградите в раце зависи од француската актерка Жулиет Бинош и нејзините петмина жири-колеги. Бинош годинава претседава со жирито, во кое има уште две жени - германската колешка Сандра Хилер и Британската Труди Стајлер.

5. Светски премиери

Фестивалот изобилува со премиери. особено внимание предизвикува дводелниот филм за животот на Бертолд брехт. На програмата се и документарни филмови за фотографот Петер Линдберг, актерот Марио Адорф и германската рок-група „Ди тотен хозен“. Од САД доаѓа документарец кој би можел да се интерпретира како коментар на ерата Трамп: „Вотергејт - или како научивме да го запреме претседателот надвор од контрола“ на режисерот Чарлс Фергусон.

 6. Награди

Наградите ќе бидатд оделени во сабота вечер во рамки на гала-церемонијата во палатата на Берлиналето. Најважна награда на фестивалот е Златната мечка. Минатата година ја освои романската режисерка Адине Пинтилие. ќе бидат доделени и Сребрени мечки за режија и глума. Награди има и во другите секции на Берлиналето. А, тука е почесната Златна мечка, која годинава ја добива британската актерка Шарлот Ремплинг. Таа има глумено во повеќе од сто кино и телевизиски филмови а стана позната во 1974 година со филмот „Ноќен портир“.

Дитер Кослик се збогува по речиси две децении на чело на фестивалотФотографија: Reuters/F. Bensch

7. Дитер Кослик

По речиси две децении заршува една ера на Берлиналето - ерата на Дитер Кослик. Тој jа презеде директорската палка на фестивалот во 2001 година и му остави свој печат на Берлиналето. На овогодишното 69. Берлинале тој се збогува од фестивалот. Како најголеми заслуги му се сметаат зајакнувањето на германскиот филм на Берлиналето, продолжувањето на големата разноликост на програмата и големата посетеност од публиката. Плус поени му носеа и неговите опуштени и вицкасти настапи во јавноста. Кослик беше критикуван често поради недоволен уметнички квалитет на официјалната конкуренција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми