1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува гласањето доверба за преодната влада на Италија

17 ноември 2011

Денеска (17.11.2011) и утре двата дома на италијанскиот парламент треба да гласаат за доверба на кризната преодна влада предводена од премиерот Марио Монти.

Монти по полагањето заклетваФотографија: dapd

Преодната влада на Италија предводена од премиерот Марио Монти положи заклетва пред шефот на државата Џорџо Наполитано. Во 17-члениот кабинет се наоѓаат исклучиво стручњаци од областа на економијата, науката и управата, меѓу нив и три жени на клучни позиции. Монти, поранешен еврокомесар покрај премиерската функција ќе раководи дополнително и со ресорите економија и финансии.

Речиси сите големи партии во Италија им изразија поддршка на новиот премиер и на неговиот кабинет кој треба да ја извлече земјата од тешката должничка криза, која претставува закана и за целата еврозона.

Со положувањето заклетва официјално заврши управувањето на формираната пред три и пол години влада на Силвио Берлускони и неговото 17-годишно лидерско присуство во политичкиот живот на Италија, објавија медиумите.

Марио Монти ќе ја предводи 63-та Влада на Италија по Втората светска војна.

Денеска и утре двата дома на италијанскиот парламент треба да гласаат за доверба на преодната влада.

Автор: СН/ ЖА/ дпа/ афп

Редактор: А. Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми