1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судење на векот против Фолксваген

Да Силва / Шолте
10 септември 2018

Првиот голем судски процес поради измами со тестовите на штетни издувни гасови против Фолксваген започнува денеска во Германија. Ќе се истражува дали автогигантот требало порано да ги информира инвеститорите.

Symbolbild: Volkswagen
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Зошто постои тест случај?

Главен оштетен во случајов е Дека, фонд во сопственост на групацијата Шпаркасе. Но зад тоа се кријат илјадници други тужители - и корпоративни и приватни - кои сакаат да ги остварат своите барања. Во истовреме во Штутгарт се води судска постапка против Фолксваген и Порше. Постапката во регионалниот суд во Брауншвајг е поголема, со побарувања против Фолксваген во износ од околу 9 милијарди евра. Иако оваа постапка се занимава со техничките аспекти на тоа кога и како групацијата комуницирала со финансиските пазари, судот ќе мора да ја утврди хронологијата на скандалот и да открие кога раководителите дознале за измамата. Таквите детали се клучни за натамошниот тек на кривичната истрага во Германија.

Што се утврдува со тест-случајот?

Судиите ќе пресудат за повеќе од 200 прашања поднесени од двете страни во спорот. Меѓу најважните се тие дали Фолксваген требало да ги информира инвеститорите за лажниот софтвер, дали намерно се криеле информации, и кои членови на бордот знаеле за тоа - и кога?

Колкави се загубите на тужителите?

Тоа зависи од моментот на купување на акциите. Адвокатите кои ги предводи Андреас Тилп, кој го претставува главниот тужител пред регионалниот суд, ќе се повика на последните цени на акциите на Фолксваген пред американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) да ги објави сомнежите за манипулации на 18 септември 2015.

Обвинувањата на ЕПА ја намалија вредност на акциите на Фолксваген за 37 проценти во однос на цената ден претходно.

Тужителите бараат отштета од 9 милијарди евраФотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

На што ќе се концентрираат адвокатите?

Според адвокатите, клучниот проблем не е само објавувањето на манипулациите на 18 септември 2015, туку многу порано - уште во април 2008. Како што вели Тилп, Фолксваген години претходно призна дека намалувањето на издувните гасови до пропишаното ниво не е можно. Доколку ова излезе точно, берзите требало да бидат информирани за тоа веднаш.

Фолксваген поднел апликација за сертифицирање за првиот мотор со технологија за намалување на штетните издувни гасови. „Оттогаш, Фолксваген се служи со измами“, вели Тилп. Дополнително, обидите за прикривање продолжуваат од март 2014, кога Фолксваген дознал дека студијата на Меѓународниот совет за чист транспорт открила оти многу автомобили не ги исполнуваат регулативите за емисија на штетни гасови.

И покрај скандалот, Фолксваген продава наголемо

01:02

This browser does not support the video element.

Како се правда Фолксваген?

Фолксваген се фокусира на 18 септември, затоа што во тој момент бордот дознал за размерите на скандалот. Најголемиот светски производител на автомобили тврди дека информациите кои ги поседувал дотогаш правно не го обврзувале да ги сподели со акционерите. Од фирмата тврдат дека измамата била дело на мала група инженери кои делувале без знаење и авторизација од раководните лица. Откако биле предупредени од американските власти, директорите не сфатиле колку е сериозен скандалот, и верувале дека може да се реши на пријателски начин. Во центарот на вниманието ќе биде Мартин Винтеркорн, поранешниот директор кој тврди дека го познава секое делче од секој модел произведен во Фолксваген.

Колку ќе трае судењето?

Начелно треба да заврши до 10 декември, 2018. Регионалниот суд би требало да донесе пресуда следната година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми