1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Судење за соборениот авион МХ17: Трагите водат во Русија

Михаил Бушујев
7 јуни 2021

Поминаа речиси седум години по уривањето на Боингот на Малезија Ерлајнс над источна Украина. Во Холандија започнува судскиот процес против осомничените сторители.

Flug MH17
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong

Катастрофата се случи на 17 јули 2014 – Боинг 777 на Малезија Ерлајнс со ознака МХ17 кој леташе од Амстердам кон Куала Лумпур се урна над Донбас на истокот од Украина. Немаше преживеани од 298 патници и екипаж. Според истрагата, авионот бил соборен. Но, до денес никој ја нема преземено одговорноста за тоа. Повеќе земји од кои потекнуваа жртвите, меѓу кои и Холандија и Австралија покренаа постапка пред меѓународниот суд за случајот МХ17. Но, случајот не стаса пред судот на ОН, бидејќи Русија со нејзиното право на вето ја блокираше иницијативата во Советот за безбедност. Холандската влада тогаш одлучи да покрене судска постапка според националното право бидејќи поголемиот дел од жртвите (193) беа од Холандија. 

Трагите водат кон Русија 

По катастрофата, петте најпогодени земји – Австралија, Белгија, Холандија, Малезија и Украина – формираа заедничка истражна комисија, ЈИТ. (Joint Investigation Team, JIT). Истражителите дојдоа до заклучок дека Боингот 777 во 16.20 часот по локално време бил погоден од противвоздушна ракета од советски тип „Бук“.  Истрелана е од регионот Донбас кој е под контрола на проруските сепаратисти. Ракетниот систем „Бук“ таму е донесен од Русија и кусо по соборувањето на авионот повторно е повлечен назад зад границата, велат експертите од ЈИТ. Според истражителите ова се темели на изјави од сведоци кои сакале да го гледаат лансирањето на ракетата, остатоци од авионот и од ракетата „Бук“, снимки од сателит и радари како и фотографии и видео снимки од транспортот на рускиот ракетен систем во местото во Донбас од каде е наводно стрелано. Постојат  и снимки од телефонски разговори меѓу осомничените, од кои дел веќе ги објавија истражителите од заедничката комисија. Пред почетокот на судењето, главниот холандски истражител Фред Вестербеке е убеден дека постапката ќе докаже вмешаност на Русија во трагедијата.

Главните обвинети 

Меѓународните истражители до сега објавија четворица обвинети. Тројца од нив се Руси: Игор Гиркин (со псевдоним „Стрелков“), поранешен „Министер за одбрана“ на самопрогласената „Народна република Доњецк“, генералмајор Сергеј Дубински (со псевдоним „мрачниот“) и полковникот Олег Пулатов („Змија“). Четвртиот обвинет е Украинецот Леонид Карташенко („Крт“). Сите четворица отфрлаат секаква вина. 

Истражителите се сомневаат и во Владимир Земач, поранешен командант на воздухопловна единица на сепаратистите во источно украинското место Шнише. Истражителите не исклучуваат понатамошни обвиненија. Меѓу нив може да бидат и неименуваните членови на ракетниот систем „Бук“ како и главниот командант на 53 руска бригада за противвоздушна одбрана кој командувал со тој екипаж. Малку е веројатно дека било кој од наведените лица ќе се појави во судницата. Русија не протерува свои граѓани, а најверојатно и Украинецот Чартшенко има добиено руски пасош. Доколку обвинетите сепак се подготвени да сведочат тогаш би биле поврзани преку видео-врска.

Политички експлозивно е и тоа што во фокусот на истрагата е и висок руски функционер – Владислав Сурков, кој неодамна поднесе оставка на местото советник на претседателот Владимир Путин. Сурков важи за неофицијално одговорен за курсот на Кремљ во однос на Украина. Во 2019 тимот на ЈИТ објави бројни снимки од телефонски разговори кои како што велат се поврзани со соборувањето на авионот. Еден од прислушуваните е и Сурков. 

Карта на летот МХ17

Почеток на процесот и главната постапка 

Судската постапка во случајот МХ17 ја презедоа судии од судот во Хаг. Процесот започна на 9 март 2020 со процедурални прашања. Поради огромниот јавен интерес главната постапка и сослушувањето ќе се оддржува во судскиот комплекс Скипол, кој е во близина на истоимениот аеродром. Рочиштата ќе бидат пренесувани во живо преку интернет. 

Клупата со обвинети ќе остане празна, но еден од обвинетите, Олег Пулатов ќе биде застапуван од адвокати. Тој изјави дека не е одговорен за падот на авионот. Но, снимките од телефонски разговори меѓу обвинетите, објавени во холандските медиуми, посочуваат на тешки обвиненија за него и останатите. Главната судска постапка започнува со рочиште денеска, на 7 јуни. Во постапката, покрај улогата на обвинетите, треба да се одговори и на прашањето од каде точно е истрелана ракетата која го собори авионот. 

Путин и ја префрла вината на Украина 

Соборувањето на цивилниот авион во контекст на ескалацијата на борбите во источна Украина во летото 2014 доведе до заострени санкции од САД и ЕУ против Русија. Брзо се појави сомнеж дека Русија има замешано прсти во катастрофата со МХ17. Сепаратистите поддржани од Кремљ уште во првите минути по соборувањето на авионот прво го славеа наводниот „успех”. Тие и Олег Пулатов очигледно сметаа дека собориле украински воен авион од небо, што произлегува од објавените снимени разговори. Ден по падот на авионот МХ17, претседателот на Русија вината ја префрли на Украина. Да го затвореле сопствениот воздушен простор немало да се случи трагедијата, изјави тогаш Путин. До денес руските власти отфрлаат било каква поврзаност во катастрофата со МХ17. Но, ставот на Кремљ и политиката во однос на информирањето во врска со случајот низ годините претрпеа промени. Најпрво државните медиуми под контрола на власта ширеа различни контрадикторни верзии околу тоа како дошло до урнисувањето на авионот. Па така во ноември 2014 руската државна телевизија претстави „сензационални" снимки на авион ловец во близина на малезискиот патнички авион. Но, според радарот таму немало друг авион кој можел да го симне Боингот. 

Повеќе:

Судски процес - кој го собори авионот МХ17?

Нови докази: авионот МХ17 бил соборен од руска ракета

Што се случи со летот МХ17-факти и шпекулации

Колкава е вината на Украина за падот на малезискиот авион?

Во интервју за американскиот весник „Њујоркер" директорот на една од најголемите руски телевизии, Константин Ернст, на крајот на 2019 призна дека неговата телевизија „направила грешка”. Подоцна производителот на системот Бук, рускиот концерн Алмас Антај, претстави своја верзија на падот на авионот. Според нив, ракетата која го погодила била лансирана од место под контрола на Украина. 

Во февруари 2020 беше објавено дека Русија понудила на Холандија тројцата руски обвинети да ги изнесе пред руски суд. Холандските власти одбија, јави тогаш новинската агенција Ројтерс, цитирајќи го писмото на министерот за правда, Ферд Граперхаус, упатено до Парламентот.

Проруските сепаратисти го собориле авионот МХ17

02:00

This browser does not support the video element.

Во октомври 2020 Москва се повлече од консултациите со Холандија и Австралија околу причините за падот на авионот МХ17. Со тоа руските власти реагираа на фактот дека холандската влада во јули 2020 го изнесе случајот со падот на патничкиот авион пред Европскиот суд за човекови права. 

Тужби пред Европскиот суд за човекови права

Кривичниот процес кој сега започнува во Скипол е најголемиот судски, но не и единствен правен процес за случајот со МХ17. Пред Европскиот суд за човекови права поднесени се две колективни тужби во име на 380 роднини на жртвите во МХ17. Тужителите на Русија и префрлаат дека го повредила правото на живот на жртвите. Една од тужбите ја подготви американскиот адвокат Џери Скинер, кој се прослави со Локерби процесот. Тужителите од Русија бараат компензации во висина од најмалку 6,4 милиони евра за секој загинат патник. (Судот побара од Русија да даде одговор на тужбите што и се случи на 2 јануари. Не е познато ништо околу содржината на одговорот.)

Четворица роднини на жртвите пред судот ја тужат и Украина. Од нивна гледна точка украинските власти сносат одговорност за смртта на патниците и екипажот бидејќи рутата над конфликтните региони во источна Украина не била целосно блокирана. На денот на несреќата де факто имало блокада над ризичните области, но само до висина од 8 илјади метри. Русија пак го блокирала својот воздушен простор во пограничниот регион кон Украина до висина од 16 километри и тоа само неколку часа пред да падне МХ17. Таа висина се смета за максимален дострел на БУК ракетите. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми