1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По вода и по копно - брановите бегалци кон ЕУ не запираат

АТ/ дпа/ апе14 јуни 2014

Европските погранични служби се соочуваат со нови бранови бегалци. Италијанската полиција пронајде нејверојатно сириски бегалци на отворено море, а нивните шпански колеги се справуваат со африканските бегалци во Малиља.

Italien Flüchtlinge gerettet 7.6.2014
Фотографија: picture alliance/ROPI

Пред брегот на Италија повторно се пронајдени речиси 300 бегалци. Тие со рибарски чамец биле на пат од Грција кон Италија и според сопствени наводи потекнуваат од Сирија, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Два патролни бродови на крајребжните служби и еден брод на полицијата ги пресретнале и прифатиле бегалците на околу 150 километри од брегот на Калабрија. Меѓу бегалците имало 93 деца и 6 жени, некои во многу лоша здравствена состојба.

Во шпанската ексклава Мелиља околу 1.000 африкански бегалци не успеаја да влезат во Европската унија. Според информации на шпанската полиција тие не успеале да ја минат шестметарската гранична ограда. Освен тоа шпанските безбедносни сили ги зајакнаа своите единици во градот на африканскиот брег на Средоземното Море.

Оградата во МелиљаФотографија: picture-alliance/dpa

Во Мелиља во изминатите месеци постојано имаше масовни напливи на бегалци. Според проценките на Министерстовото за внатрешни работи во Мадрид во Мароко имало околу 40.000 Африканци од земјите јужно од Сахара, кои чекаат можност да стигнат во Шпанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми