1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По војните во Ирак и на Косово

11 декември 2003

Најавата на Пентагон за исклучувањето на фирмите од земјите противнички на војната од ангажманот во обновата, германскиот весник специјализиран за стопански теми, "Ханделсблат", ја набљудува низ следната диоптрија.

"Американскиот претесдател Џорџ Буш се обиде со трпелива дипломатска кампања да ги отвори странските паричници за обновата на Ирак. Но, со најновата најава од Пентагон, дарежливоста на земјите кои се исклучени од учеството во обновата, секако повторно ќе се намали. Најавата е меѓутоа штетна и за повикот на Буш за продолжување на борбата против меѓународниот тероризам со заеднички сили. Пентагот ги отвори повторно старите рани уште од пред војната и со тоа на администрацијата на Буш и даде ефективен авто-гол."

"Франкфуртер Рундшау" на истата тема забележува:

"Според логиката на американскиот заменик министер за одбрана Пол Волфовиц, оваа најава е насочена кон зголемување на готовноста за соработка на поранешните противници на војната. Но, во праксата тие добиваат стопански казни и тоа е чин на чиста одмазда. Нивното исклучување е надворешно-политички гледано кусогледо, а стопански правно проблематично. Но, вистинскиот скандал во сето не е фактот што германски или француски фирми можат во Ирак да фунгираат само како споредни стопански субјекти, туку тоа што администрацијата на Буш се пресметува со наводните политички противници врз грбот на Ирачаните."

Весникот "Ди Велт" се фокусира на германската позиција во целата игра, па оценува:

"Германската влада секако ја заслужи сегашната казна. Но, дали американската постапка е мудра, во тоа можеме да се сомневаме. На силите на колицијата во Ирак во моментов им е неопходна сета можна помош од другите држави. Новото пореметување на трансатлантските односи може да им биде од полза само на противниците на мирот во Ирак. Доколу Американците, пак, дозволеа и германсии фирми да се вклучат во обновата на Ирак, тогаш можеби и кај нас ќе пораснеше свеста дека во Персискиот залив се брани и нашата слобода" - посочува "Ди Велт".

На тема Ирак, читаме и коментар на швајцарскиот "Базелер цајтунг", во кој меѓу другото се вели:

"Уште додека Садам Хусеин седеше во неговите палати во Багдад, ирачкиот режим следеше посебна логика во доделувањето на вносните стопански зделки. На големи договори можеа да се надеваат руски, француски, но и фирми од други земји кои во Советот за безбедност на ОН се залагаа за симнување на санкциите на Светската организација против Ирак. Сега, меѓутоа, со новите властодршци во Багдад, тркалото на среќата се заврте. Пентагон нема да им даде дозвола да учествуваат во поделбата на големиот колач на фирмите од земјите кои беа критички настроени кон ирачката војна, како Франција, Русија, Германија и Кина."

Печатот на германски денеска се занимава и со уште една тема, имено пресудата на еден германсики суд по тужбата на српски граѓани, кои бараат отштета за жртвите од бомбардирањето на мостот кај Варварин во екот на косовската војна.

Така, "Франкфуртер рундшау", негативната пресуда за барателите ос Србија ја оценува на следниот начин:

"Цивилниот суд не е вистинското место за надминување на последиците од една војна. Дотолку судијата во Бон имаше право. Но, идејата и граѓаните да можат правно да проверат дали било исправно да се најдат на нишан во еден воен судир, е сепак привлечна. Тоа би требало да биде така особено за оние, кои заговараат воен ангажман против диктатори или пак против терористи. Само на тој начин може да се спречи впечатокот дека во војните и демократските држави го познаваат само правото на посилниот и си дозволуваат сопствените грешки да ги проследат само со изјави на сожалување - без последици! Зашто, целта не ги оправдува сите средства - не во Ирак, не во Авганистан и еднакво толку не во Југославија. Ова не е само прашање на морал: жртвите на кои не им се отвора мирен пат за етичко порамнување или барем финансиско, ќе бараат сигурно други начини. Во крајна линија ќе тргнат по патот на омразата. Обезбедувањето подобри патишта од овој е сепак задача на политиката. Таа меѓутоа, барем за сега, уфрла во рикверц или пак лавира со нејасна позиција, како црвено-зелената коалиција во Берлин. Јасно е дека цивилизирањето на војните ќе биде тешка и олгорочна задача и секаико ќе чини многуг пари. Но, исто така не смее да се заборави ни фактот дека овие војни чинат животи" - заклучува "Франкфуртер Рундшау".

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми