1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По европските избори ќе стане збор за пари, многу пари

Бернд Јохан
23 мај 2019

Јазовите во ЕУ се длабоки. Тие се движат меѓу север и југ, запад и исток. Во суштина се работи за пари и солидарност. Новиот парламент мора да го изгласа буџетот.

Belgien: Statue "Europa" vor EU-Parlament, Brüssel
Фотографија: picture-alliance/D. Kalker

Во предизборната кампања за европските избори парите играат подредена улога, но новиот параламент ќе мора брзо да се справи со усвојување на новата буџетска рамка за ЕУ за периодот од 2021 – 2027. Предлог буџетот на еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер веќе подолго време е на маса. Планираното усвојување пред европските избори не се оствари. Позициите на ЕУ-членките околу влоговите и поделбата на финансиите се премногу различни. Грубо поделено, нето-плаќачите се повеќе на северот и западот на ЕУ. Земјите кои се економски послаби и кои треба да бидат помагани се повеќе на истокот и југот на Унијата.

Повеќе: 

ЕУ пред избор: нанапред или наназад?

ЕУ: Единство, но само до изборите

Европската младина сака да ѝ се чуе гласот

Север наспроти југ?

Поради ова, често се зборува за конфликт на линија „север-југ" во рамките на ЕУ или поделба на богатите од западот и сиромашните од истокот. Ова е впечатливо, но понекогаш е премногу поедноставено, вели експертот за ЕУ, Јанис Еманулидис од тинк-тенкот „Центар за европска политика“.

„Имаме конфликти што ги опфаќаат северните и јужните држави. Имаме големи разлики и поделби меѓу земјите членки. Поради тоа мора да бидеме претпазливи работите да не се прикажат многу едноставно."

Битката за буџетот ќе започне по изборите и линиите ќе бидат груби, како што претпостави и еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер уште минатата година при претставување на неговиот план: „Има земји кои велат дека вкупната сума е превисока. Други пак жестоко се противат на секое намалување на аграрниот буџет."

Гинтер Етингер мора да финансира повеќе активности, како заштита на границите и одбрана. Во истовреме, по напуштањето на Велика Британија на ЕУ, најверојатно во 2021 година, ќе се појави дупка од 10 милијарди евра. Половината од тоа Етингер треба да ја ребалансира со заштеди, а другата половина треба да се надополни со зголемување на влоговите на останатите нето-плаќачи - Германија, Франција, Холандија, Италија, Шведска, Финска, Данска, Австрија, Белгија и Ирска. Премиерот на Холандија, Марк Руте, е строго против зголемување на влогот на членките. Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поддржува. Двајцата мора да ги земат предвид популистичките партии дома, кај кои е зголемено анти-ЕУ расположението.

Нето-плаќачи (црвено) и нето-примачи (зелено) во ЕУ во 2016 година

Богати против сиромашни?

Од другата страна на јазот стојат нето-примачите како Полска, Унгарија или Грција. Тие одбиваат кратења, бараат повеќе средства и поголема солидарност. Тоа му предизвикува нервози на холандскиот премиер Руте. Во време на финасиска криза, ЕУ им помогна на Грција, Кипар, Ирска, Португалија и Шпанија со кредити во висина од милијарди евра. Овој ризик во иднина мора да биде зависен од јасни услови, бара Руте:

„Поддршката за државите со неодржливо високи задолжувања може да дојде предвид само доколку носителите на државни обврзници прво се вклучени во спасувањето преку реструктирање." Холанѓаните, а и не се само тие, одбиваат да спасуваат банки кои држат проблематични задолжувања. „Не би било фер да ги молиме даночните обврзници во други земји да ни ги плаќаат сметките кога приватни инвеститори веќе немаат среќа", постојано повторува холандскиот премиер.

Холанѓаните одбиваат да спасуваат банки кои држат проблематични задолжувања (фото: холандскиот премиер Марк Руте)Фотографија: DW/B. Wesel

Популистичката влада во Италија пак фати сосема друг курс. Буџетскиот дефицит расте, долговите исто така. Особено партијата „5 ѕвезди” смета дека Италија со две милијарди годишно нето плаќа премногу во заедничката европска каса и дека другите земји на еден или друг начин требало да преземат дел од долговите на Италија или да ги финансираат. Во Италија, исто како и во неколу други земји членки, важи мотото „Мојата држава на прво место...", па така ќе биде тешко да се најде компромис за распределбата на парите и финанските ветувања за солидарност.

„Нема веќе согласност за централните прашања“

Способноста за сведување на интересите на најмал заеднички именител во изминатите години многу страдаше заради должничката и бегалската криза, смета експертот за ЕУ, Јанис Еманулидис. „Ако копаме подлабоко, ќе видиме дека единството многу често и многу брзо се рони и дека нема согласност за централните прашања, ниту можност да се изнајде компромис“, вели Емануилидис за ДВ.

Порастот на деснопопулистички партии во економски послабите земји, но не само таму, никако не ја подобрува ситуацијата, смета експертот за ЕУ, Карел Лено. Тој го води „Центарот за европски политички науки“ во Брисел. „Атрактивноста на десните популисти во некои случаи е поврзана со големата разлика меѓу сиромашни и богати. Тоа го гледаме во Италија. Тоа го забележуваме во Грција и Кипар, а нешто помалку во Шпанија. Десите опопулистите се поуспешни во јужните држави."

На еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер му претстојат преговори околу ЕУ-буџетот во висина од една милијарда евраФотографија: picture-alliance/AA/D. Aydemir

Холандскиот премиер Марк Руте, еден од премиерите во ЕУ кој најдолго е на таа позиција, забелажл нешто друго. Португалија и Шпанија се рехабилитираа по финансиските мерки за спасување од страна на ЕУ. Тоа покажува дека не се работи толку за географија, колку за политичките ставови кога станува збор за разликите во рамки на ЕУ. Еврокомесарот за буџет Етингер на претстојните преговори околу буџетот во висина од една милијарда евра за седум години, сака да зeме предвид уште еден критериум. Исплатите треба да бидат врзани на владеењето на правото и соработката во сферата на миграциската политика. Полска и Унгарија не прифаќаат такви условувања. Тие ќе мора да сметаат со кратење на финансиската помош.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми