1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По изборите во Авганистан

11 октомври 2004

Во Авганистан, по првите слободни претседателски избори во историјата на оваа земја, започна пребројувањето на гласовите за што ќе бидат потребни две до три недели. Во следниве денови се очекуваат првите резултати.

Како јасен фаворит, и покрај нерегуларностите и протестите, важи преодниот претседател Хамид Карсаи кој денеска ќе му биде домаќин на германскиот канцелар Герхард Шредер. Кабул, имено е последната станица од шредеровата еднонеделна азиска турнеја.

Центарот за пребројување на гласовите се наоѓа во еден воен камп на авганистанската армија. Нови светли бараки, внатре големи маси на кои ќе се бројат гласовите. Инаку, многу бодликав тел и повеќе прстени конторли. Еден од пребројувачите ја објаснува процедурата:

“Ги земаме урните и конторлираме: бројот на ливчиња што ги предале гласачите мора да биде ист со бројот во урните. Потоа почнуваме да броиме. Секој од нас пребројува 5 илјади гласачки ливчиња“.

Значи сите ливчиња од Кабул и околните провинции, а дополнително и ливчињата од Авганистанците во егзил во Пакистан и Иран. Има работа доволно за наредните недели. Првите резултати не се очекуваат пред утрешниот ден. Во меѓувреме, се чини дека протестот на 15 претседателски кандидати кои ги бојкотираа изборите и бараа нивни прекинување, како да се скрши. Поради различни неправилности за време на изборниот процес, меѓу другото, проблемот со мастилото за фарбање на палците, за да спречи повеќекратно гласање, оваа група најави дека нема да ги признае резлтатите од изборите. Став што предониот претседател Хамид Карсаи жестоко го критикуваше:

“Го осудувам тоа што кандидатите се повлекоа од изборните процес. Тоа покажува непочитување на волјата на авганистанските избирачи што толку силно дојде до израз на денот на изборите“.

Па сепак, со својот протест 15-те кандидати постигнаа да се установи една специјална независна истражна комисија што досега не беше предвидено. Роберт Бери, шеф на тимот за поддршка на изборите од ОБСЕ, по тој повод повика да не се загрозува легитимноста на изборите:

“9 октомври беше историски ден за Авганистан. Милиони луѓе што излегоа на изборите јасно ставија на знаење дека веќе не сакаат да бидат владеени со оружено насилство, туку од правна држава. За да не се изневерат нивните очекувања спорот околу валидноста на резултатот треба да се реши во рамките на постојните закони“.

Во целата земја олеснувањето е големо што се мина толку мирно и што не се обистинија заканите на Талибанците дека ќе ги спречат изборите со сила. Многумина Авганистанци се задоволни од текот на овие први слободни претседателски избори. Во наредните две недели организацијата за посматрање на изборите ќе поднесе извештај и со поглед кон наредните избори. Имено, за наредната пролет е планирано во Авганистан да се одржат парламентарни избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми