1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По изборите во Бранденбург и Саксонија: АфД втора по јачина

ЕМФ
1 септември 2019

На изборите во источните германски покраини Бранденбург и Саксонија, победија повторно партиите на досегашните покраински премиери.

Landtagswahl in Sachsen 2019 | von Storch & Urban & Meuthen
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Во Саксонија Христијанскодемократска унија на премиерот Михаел Кречмер, според прогнозите, води со 32,3 до 33,1 проценти гласови.

Во Бранденбург, пак, Социјалдемократската партија на премиерот Дитмар Воидке освои околу 26,5 проценти од гласовите, што е нејзин најлош резултат досега во оваа покраина.

Во двете покраини деснопопулистичката АфД доби многу на поддршка. Алтернатива за Германија заврши на втората позиција и во Бранденбург (23,1 до 24,5 %)  и во Саксонија (27,8 до 28,1%).

Формирањето влади во двете покраини по се’ изгледа ќе биде тешко, поради тоа што досегашните коалиции веќе немаат мнозинства.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми