1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По најавите на ЦСУ за "Турција и ЕУ"како предизборна тема: "Предизборен популизам"

8 јануари 2004
Германските опозициони партии на унијата имаат намера темата - приклучување на Турција кон ЕУ, да ја направат тема на предизборната борба, соопшти вчера шефот на пратеничката група на ЦСУ, Михаел Глос. Владата на Герхард Шредер, кој утре во Берлин има намера да разговара со турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше ваквата најава на опозицијата.

Сега е и официјално - ЦДУ и ЦСУ сакаат да ја претворат Турција во предизборна тема. Со тоа на европската работа и' чинат мечкина услуга, зашто остручувањето на дебатата за турско приклучување кон ЕУ или и само едно "привилегирано партнерство", во Германија веќе не може да се очекува. Изборните арени никогаш не биле места за уништувачки дискусии.

Многу Турци ги сметаат намерите на партиите на унијата за чувствително повредувачки, токму како и фактот дека отпорот кон турско приклучување на унијата доаѓа токму од Германија, каде живеат околу 2,5 милиони Турци. Во Турција луѓето многу поискрено му се радуваа на германското обединување, отколку во некои други европски соседни земји. Анкара тогаш се вброи во првите што упатија честитки. И, се чини во позадина се турка уште нешто - Турција како државата на НАТО од 1952 година придонесе многу за задржување на западните вредности и норми во еден нестабилен регион. Таа своевремено беше и единствена западна земја која директно граничеше и беше брана кон Советскиот сојуз.

Турција е свесна дека во догледно време не може да смета со приклучок кон ЕУ. Нејзе пред се' и' е до тоа да не ја загуби европската перспектива од пред очи. Со оваа цел, таа настојува на определување термин за почеток на преговори за приклучување. Доколку тоа не успее, на турска страна, кај елитите и населението, се заканува заладување во однос на вредностите и идеалите на ЕУ. Тоа не е во европски интерес.

Ризикот од создавање негативна паушална слика за Турција во Европа е голем, иако според сопствените изјави, ЦДУ и ЦСУ не стремат кон такво нешто.

И, интегративно политички, партиите на унијата испраќаат еден повеќе од проблематичен сигнал. Како од Турците кои со децении живеат во Германија и другите европски земји, да се бара подобра интеграција, ако ним истовремено им се сигнализира "Вие Турците не ни' припаѓате".

Не треба да се заборави: Турција се ориентираше кон Европа, уште пред основањето на Републиката, во 1923 година. Тоа беше, само попатно споменато, десет години пред доаѓањето на Хитлер на власт во Германија. Сега на многу Турци им се чини, како земјата која своевремено им понуди прибежиште од нацистите на прогонуваните германски интелектуалци и научници, да е декларирана за непосакувано дете на Европа, токму од страна на германските политичари. И тоа само поради предизборен популизам.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми