1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По Нова Година повисоки сметки за струја за 9,48 проценти

ДТЗ
30 декември 2021

Се укинува дневната ефтина тарифа за струја. Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. 

Symbolbild steigender Strompreis Stromzähler
Фотографија: picture-alliance/dpa

Граѓаните по Нова Година ќе добијат повисоки сметки за струја. Според најавите на надлежните, струјата од 1 јануари ќе поскапи за 9,48 проценти, а ќе се укине и дневната ефтина тарифа за струја. Ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела ќе останат.

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вели дека поскапувањето требало да биде многу поголемо, но поради одлуката на Владата да им помогне со економски мерки на енергетските компании, поскапувањето за бизнисот и домаќинствата ќе биде помало.

„Ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, околу 25 проценти, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, вели Бислимовски.

Компаниите не се задоволни од одлуката на РКЕ, но според него, тие се свесни дека ако има драстично поскапување, нема да соберат пари од потрошувачите зашто ќе се намали степенот на наплата. Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. 

 

-повеќе на темата: Гаспром не дава доволно гас за С. Македонија: Скопјани можат да останат без парно греење од 1 јануари

Бислимовски вели дека доколку не се укинела дневната евтина тарифа, зголемувањето на цената на струјата требало да изнесува 14,23 проценти.

Европа и Северна Македонија се соочени со една од најголемите енергетски кризи. Надлежните ги повикуваат граѓаните да штедат електрична енергија. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми