1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По Париз: Берзите несигурни

К.Јабург / ЕМФ16 ноември 2015

Берзите ширум светот реагираат со нервоза и несигурност по нападите во Париз. Тоа особено е видливо на азиските берзи.

China Börse in Fuyang
Фотографија: Getty Images/AFP

Прво почна на берзите во Австралија: во Сиднеј курсот падна на најниско ниво во последниот месец. Инвеститорите покажуваат несигурност. Никој не знае какво влијание уште ќе имаат терористичките напади во Париз.

Слична слика и во Сеул. Пад на курсевите на широк фронт. Нападите би можеле да доведат до загуба на довербата на претпријатијата и конзументите. Тоа би го задушило економското опоравување во Европа, а со тоа значително би била погодена и економијата во Азија.

Негативен развој и во Токио. На шокот поради нападите во Париз се надоврзаа и лошите вести за натамошниот економски развој на земјата. Индексот Никеи на крајот бележи минус од нешто повеќе од 1 процент.

По Париз: Берзите несигурни

01:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми