1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По состанокот на Контакт групата за Косово

4 ноември 2005

Американските и европските диплчомати потврдија дека сакаат да имаат централна улога во постигнувањето на договорот за статусот на Косово , признавајќи ја во исто време и улогата ба посредникот на ОН, соопшти Стејт Департментот.

,, Целта е двете страни да постигнат договор низ преговори и компромис кој на народот на Косово и на соседите ќе им обезбедни мирна и демократска иднина, изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак.

Тој зборуваше ден по вечерата што за колегите од Велика Британија, Русија, Германија, Италија,и Франција во Вашингтон ја подготви американскиот државен потсекретар Николас Барнс. На состанокот присуствуваше и новоназначениот посредник на ОН за косовските преговори, Марти Ахртисари и еден претставник на Светската Организација. Сепак, од средбата не произлегоа конкретни договори за тоа како ќе се одвиваат преговорите. Впрочем и портпаролот на Стејт Департментот рече дека членовите на Контакт Групата разговарале за самиот почеток на преговорите и за принципите врз основа на кои ќе се одвива процесот.

Како што објавија агенциите, новоимернуваниот претставник Марти Ахтисари ќе одлучува сам за низа централни теми во преговарачкиот процес. Имено, извори од Контакт Групата тврдат дека е договорено тој да ја одреди брзината и темпото на разговорите, составот на тимот, како и наредните чекори во преговорите. Членовите на групата, сепак, се договориле дека теба да постојкат насоки за тоа како ќе се одвиваат разговорите и тие ќе им бидат доставени на двете страни – и на Приштина и на Белград.

Од друга страна, од Белград не се толку одушевени од изборот на Ахтисари за посредник на Светската Организација во преговорите за Косово.

Додека властите во јавноста не го коментираат избориот, заменик претседателот на српската радикална партија Томислав Николиќ беше гласен и го нарече Ахрисари криминалец кој се враќа на местото на злостотрството , за да ја заврши работата“

Државниот врв на Србија вчера уште еднаш посочи дека решението за Косово мора да се бара во рамките на меѓународното право, како и да се почитува државниот суверенитет и интегритет. Српскиот претседател Борис Тадиќ и екс претседателот на координативниот центар за Косово Небиојша Човиќ, по синоќешниот разговор во Белград повторија дека за Косово не смее да има наметнати решенија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми