1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По струјата, од утре поскапо и парното

СН/агенции
31 декември 2021

Парното греење во македонскиот главен град од 1 јануари ќе чини 14 проценти повеќе. Според Регулаторната комисија за енергетика главна причина за овој потег е драматичниот раст на цената на гасот на светските пазари.

60 илјади потрошувачи во Скопје користат парно греење
60 илјади потрошувачи во Скопје користат парно греењеФотографија: Friso Gentsch/dpa/picture alliance

Од утре цената на парното греење во Скопје се зголемува за 14 проценти за сите корисници во градот, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Како што нагласи Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас на светскиот пазар која минатата година просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар.

Годинава  пак на БЕГ производство му е понудена драстично повисока цена од 1480 долари

Повеќе:Гаспром не дава доволно гас за С. Македонија: Скопјани можат да останат без парно греење од 1 јануари

Цените на природниот гас експлодираа во 2021 годинаФотографија: Sergey Dolzhenko/dpa/picture-alliance

Со оваа одлука, цената се враќа на онаа од 2018 година, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

„ Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018, имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија“, рече Бислимовски.

Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

Освен за парното грење, од 1 јануари домаќинствата во земјата ќе плаќаат и повисоки сметки за елетрична енергија за 9,48%, а  се укинува и дневната ефтина тарифа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми