По 14 недели, крај на вонредната состојба во Шпанија
ЖА / агенции
19 јуни 2020
Шпанија, една од најтешко погодените земји во Европа од коронавирусот, полека почнува да се враќа во нормала, по повеќе недели драстични ограничувања утре на полноќ завршува вонредната состојба.
Реклама
Во од пандемијата на коронавирус тешко погодената Шпанија утре ноќта, спроти недела, 21 јуни, завршува вонредната состојба, воведена на 14 март. 47 милиони Шпанци од в недела, првпат по 14 недели ќе можат без ограничувања да патуваат од една во друга провинција. Со преку 28.300 починати како последица на инфицирање со вирусот и преку 245.000 регистрирани заболени, Шпанија е една од земјите кои платија највисока цена во Европа во пандемијата. Во меѓувреме бројот на новозаболени бележи значителен пад. Од в недела во земјата повторно ќе можат да влегуваат патници од останатите држави од Шенген, а од први јули и од останатите држави. Туристичката бранша на Шпанија, со уделот од преку 12 проценти во БДП, е енормно важна за земјата. Но, и по окончувањето на вонредната состојба во т.н. нова нормалност, во јавниот живот на Шпанија ќе останат бројни рестрикции заради спречување ново избувнување на пандемијата. Слично како и во Германија, постојат и регионално условени разлики.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Најголем дел од училиштата во Шпанија остануваат затворени и ќе проработат повторно по продолжената летна пауза од крајот на јуни до почетокот на септември, кога ќе ги отворат вратите за физичко присуство на учениците. И професионалниот фудбал навивачите ќе можат да го следат само на домашните екрани, натпреварите од првата и втората лига се одржуваат без публика.
Дискотеките смеат да отворат во одделни случаи, но просторот за танцување мора да биде блокиран. Во кафулињата и рестораните ограничувањата предвидуваат помал број места за гостите, а постепено ќе следат олабавувања на овие мерки. Слично важи и за кината, концертните сали и музеите.
Ширум земјата останува обврската за носење заштитна маска во сите јавни превозни средства, во авионите и во продавниците, генерално во сите затворени простории. На отворен простор маска е задолжителна доколку не е можно спроведување на правилото за физичка дистанца од два метри. Оној кој не ги почитува правилата, ризикува казна од 100 евра. Со оглед на новите избувнувања на коронавирус, на пример во Германија, шпанската влада ги предупредува сите граѓани да продолжат со претпазливо и разумно однесување. Живот каков што постоеше пред пандемијата на Ковид-19 ќе биде можен дури откако ќе биде пронајдена вакцина против коронавирусот, се истакнува во Мадрид.