Прага и Вашингтон ќе преговараат
28 март 2007Реклама
Чешката влада формално се согласи да отвори преговори со САД околу плановите за инсталирање американски антиракетен систем на чешка територија. Веста ја потврди и премиерот Мирек Тополанек. Вашингтон побара да инсталира радарска станица во близина на Прага и ракетен систем во Полска како дел од планот за ширење на својот одбранбен систем. Планот наиде на силен отпор од Москва. Германија како претседавач со Унијата повика за ова прашање да се разговара во рамки на НАТО.