1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Празник за Ренци, не и за ЕУ

Бернд Ригерт/превод:БГ23 август 2016

Што ќе се случува по Брегзит? Каква е иднината на ЕУ? Одговорите требаше да ги даде самитот во Вентотене. Но само еден има причини за задоволство, смета Бернд Ригерт

Фотографија: Reuters/E. Vidal

Тој е мудар. Тоа мора да му се признае. Матео Ренци, самопрогласениот врвен реформарот на италијанското општество, добро се истурка на сцената. Со симболичниот трипартитен самит јасно стави до знаење што сака. Ренци сака да предводи. Не само во Италија, туку и во Европа.
Тоа го кажуваше и пред Брегзит. Но откако Британците одлучија да го напуштат клубот, Ренци ја препозна шансата да заигра во врвот. Не германско-француската локомотива, туку тројката Италија, Франција, Германија треба утврдат нов правец за ЕУ. Кусо по Брегзит тројката се состана во Берлин. Сега, од малку поголема дистанца се одржа и самитот на носачот на авиони, кој треба да го симболизира и италијанското водство.
Матео Ренци уште пред самитот се изјасни дека ЕУ мора да се ослободи од строгите правила и од технократијата. ЕУ не смее да биде унија на банки, туку мора да ги следи своите идеали и да им служи на граѓаните. Овие флоскули секако се насочени кон италијанските гласачи кои, нервозни поради германската политика на штедење, бараат поголема независност од Брисел.
Нешто поконкретно од Ренци на самитот не се слушна. Но, тоа и не беше целта на собирот. Целта беа убавите слики, кои требаше да го претстават Ренци како предводник на ЕУ. Германската канцеларка и францускиот претседател во таа ситуација беа само декорација, бидејќи и не понудија некои нови идеи. Ангела Меркел прифати да ја игра оваа игра. Таа ги поздрави економските реформи на Ренци, но не му ја исполни желбата за поголеми задолжувања. Ренци ја пофали великодушноста на Меркел. Таа презема осум пати повеќе бегалци од Италија.

Бернд Ригерт

Речиси добри пријатели, овие двајца? Секако дека зад сето тоа стои пресметаност. Меркел го сака Ренци за сојузник и не сака конфронтации со него. Доколку сака да најде практични решенија за бегалците, за односите со Турција и одбраната од тероризмот, потребна и е поддршката на Италија. Веќе има доволно отпор од земји како Полска или Австрија. Го остава во центарот на вниманието кај него дома, за да му ги зајакне позициите. За Ренци во Италија во моментов нема алтернатива, од аспект на ЕУ.
Динамичниот премиер се почувствува толку засилен што одлучи и да отстапи од едно домашно политичко ветување. Сепак нема да ја врзува својата политичка иднина со референдумот за реформа на Уставот во ноември. Во пресрет на самитот, Ренци објави дека во секој случај ќе остане на функцијата до крајот на својот мандат во март 2018. Се чувствува доволно силен. Добриот впечаток кој го остави на европскиот паркет, му помага да освои поени и дома.
За Ренци, самитот во Вентотене беше успех. ЕУ ги премолче италијанските економски проблеми. Како што рече и Меркел, тие се на тест. Дијагнозата е непозната.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми