1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Путин подготвен да дозволи извоз на жито од Украина?

СН/агенции
27 мај 2022

Рускиот претседател како „неосновани“ ги отфрли обвинувањата дека Русија е одговорна за глобалната криза со жито. Путин, според австрискиот канцелар, „сигнализирал“ дека може да дозволи извоз на жито и храна од Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со австрискиот канцелар Карл Нехамер
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со австрискиот канцелар Карл НехамерФотографија: Mikhail Metzel/Sputnik/AP/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа, објави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.

По телефонскиот разговор со Путин, на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.

Тој рече дека е важно да се овозможи извоз преку пристаништата, бидејќи транспортот на житарките е по копнен пат е далеку потежок.

Нехамер нагласи дека допрва ќе се покаже дали тоа се само празни зборови, или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извозот преку украинските пристаништа.

Австрискиот канцелар изјави и дека Путин е подготвен за преговори со Украина за размена на затвореници.

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер на пресконференција во Москва по средбата со рускиот претседател Владимир Путин на 11 април 2022.Фотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Тој рече и дека Путин ветил дека ќе им овозможи пристап на претставниците на Меѓународниот Црвен крст до воените заробеници, но и дека истото го бара од Украина.

Повеќе:

Нехамер рече дека Австрија е земја која води политика на активна неутралност, која разговара со сите страни , но истовремено знае да именува агресор.

„Ние сме на страната на Украина, а Руската Федерација е јасно одговорна за оваа војна. Сепак, важно е да се придонесе за прекин на вооружените судири преку разговори“, објасни австрискиот канцелар.

Тој истакна дека денешниот телефонски разговор е продолжение на разговорите од пред месец и половина, кога тој беше во Москва.

Нехамер истакна дека во денешниот телефонски разговор јасно го конфронтирал  Путин со „лудилото на војната“ и рекол дека разговорот бил интензивен и сериозен и траел 45 минути.

Фотографија: Olena Mykhaylova/Zoonar/picture alliance

Рускиот претседател пак во меѓувреме како „неосновани ги отфрли обвинувањата дека неговата земја е одговорна за глобалната криза со жито “. Наместо тоа, одговорни се санкциите на Западот, рекол Путин во телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Карл Нехамер, според Кремљ.

  „Владимир Путин истакна дека обидите да се обвини Русија за тешкотиите во снабдувањето на земјоделските производи на светските пазари се неосновани“, соопшти Кремљ. Наместо тоа, тој ги наведе „вистинските причини“ за проблемите „кои, меѓу другото, произлегоа од антируските санкции на САД и на Европската унија“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми