1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се заканува ли британското сценарио во Германија?

Ули Шер
23 октомври 2021

Празни рафтови и сериозен проблем со доставата на производи: пред таква закана е исправена Германија, доколку брзо не го реши проблемот со недостаток на возачи.

Deutschland Autobahnkreuz Kaiserberg | Spaghetti-Knoten
Фотографија: Jochen Tack/dpa/picture alliance

Удо Лаутеншлагер е многу приврзан за својот камион. Овој 60-годишник обожава да ја вози големата машина, натоварена со контејнери. Но, му се темнее кога ќе помисли на иднината. Тој стравува дека и во Германија може да се случи истото како и во Велика Британија: празни рафтови во супермаркетите и затворени бензински станици. 

„Порано или подоцна тоа ќе се случи и кај нас во Германија во следните пет години. Затоа што општеството не ни оддава никакво признание за трудот“, вели Удо. Според него, луѓето во Германија сметаат дека тешките товарни возила се „смрдливци кои ја загадуваат природата“, и поради тоа не искажуваат никаква почит кон возачите. Лошиот имиџ на професијата води дотаму што веќе нема доволно млади наследници, смета Удо. 

На Германија ѝ недостасуваат десетици илјади возачи 

Веќе и во Германија недостасуваат десетици илјади возачи на камиони - според различни оценки меѓу 45.000 и 80.000. Но на крајот на оваа деценија тој недостаток може да надмине 185.000 луѓе, пишува во едно истражување на германското Министерство за транспорт. 

Синдикатите и матичните организации споделуваат исти објаснувања зошто е дојдено дотука: плаќањето е потпросечно, работното време е нерегулирано, условите за работа се тешки. Поради тоа, браншата многу зависи од работната рака која доаѓа од други европски држави. Во екот на пандемијата во некои региони во Германија, како во пограничните во Баварија, супермаркетите биле на чекор до криза, слична на британската со празните рафтови, вели Мануел Лоренц од Стопанската комора во Регенсбург.

Шпедитерите во источна Баварија вработуваат 60% од службениците од соседна Чешка. Кога границата беше затворена поради пандемијата, Лоренц не знаел дали чешките возачи ќе можат да продолжат да работат.

„Бидејќи знам како функционираат синџирите на снабдување, јас веќе почнав да мислам дека ќе започне масовен недостаток“, вели тој. 

Мали плати - голема експлоатација 

Повеќе од три-четвртини од возачите на камиони во Германија се ниско платени, критикуваат од најголемиот синдикат во земјата - Верди. Тие тврдат дека просечната почетна плата е околу 1.900 евра месечно, а до покачување на платата се доаѓа многу тешко, поради обидот на логистичката бранша да ги држи трошоците на минимум. 

Притоа, многу возачи се ставени под сериозен притисок да брзаат и честопати не можат по законски пат да ги испочитуваат поставените рокови. Па така, тие се принудени да се откажуваат од паузите и дури и да манипулираат со патниот компјутер. 

Полицискиот комесар Харалд Бајгел познава многу такви случаи од својата секојдневна работа. Тој раскажува дека некои возачи дури и доброволно се пријавуваат за направените прекршоци. „Сѐ почесто доаѓаат кај нас и бараат да ги провериме, затоа што фирмите ги терале да возат подолго од дозволеното“, објаснува Бајгел. „Тоа им е последната шанса да добијат помош од некаде“. 

Возачите ќе останат неопходни 

Експертите не веруваат дека наскоро ќе се реализира идејата за самовозечки камиони на патиштата. Не може да се планира ниту со префрлање на дел од товарот на железничкиот транспорт - германската железница едноставно нема повеќе капацитет. Накусо: и во иднина транспортот ќе биде невозможен без возачите на тешки товарни возила. 

Синдикалците од Верди се убедени дека проблемот може да биде решен со подобри плати. Како професионалната квалификација на шоферите, така и секојдневната техничка работа треба да добијат повисока финансиска накнада, категорични се во синдикатот. 

Возењето камион е машка работа? Во никој случај!

01:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми