Пратениците на ДУИ си заминаа од собраниската сала
1 август 2006![](https://static.dw.com/image/1708986_800.webp)
Пратениците од ДУИ нема да доаѓале на седниците на парламентот бидејќи не била “испочитувана волјата на мнозинството албански гласачи“. Оваа одлука била донесена синоќа во партискиот штаб во Мала Речица, а во парламентот ја соопшти Азис Положани. Од говорницата, екс министерот за образование рече дека се загрозени интересите и принципите на втората по бројност популација во Македонија и оти поради тоа ДУИ и ПДП ќе ги бојкотираат собраниските седници. Откако пратениците стана и ја напуштија салата, претседавачот со седницата, највозрасниот пратеник, Стојан Андов, рече дека жали за овој чин и оти се надева дека е ова еднократна одлука на ДУИ и ПДП. СДСМ побара едночасовна пауза.
Инаку, на новиот парламент му претстои донесување на неколку важни закони на чие донесување инсистира и меѓународната заедница и за кои е потребно двотретинско мнозинство.