1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите без резултат, бомбите врз Киев и натаму паѓаат

БГ
28 февруари 2022

Преговорите меѓу Киев и Москва за запирање на руската инвазија завршија без резултат. Експлозиите во Киев продолжуваат, но руската армија се поблиску до Киев. Зеленски бара членство во ЕУ

Belarus Verhandlungen zwischen Russland und Ukraine in der Region Gomel
Преговори меѓу Украина и Русија на 28.02.2022Фотографија: Sergei Kholodilin/BELTA/AFP

Првата рунда преговори за запирање на руската агресија врз Украина заврши без договор и со најава за дополнителни разговори во наредниот период.

Шефот на руската делегација, Владимир Медински изјави дека преговорите траеле речиси 5 часа и дека било заклучено оти „постојат точки за кои можат да се најдат заеднички позиции“. Тој рече дека се договориле да ги продолжат разговорите во следните денови.

Украина на разговорите беше претставувана од министерот за одбрана, додека руската делегација ја предводеше советникот за култура на рускиот претседател Владимир Путин, можеби и како сигнал за тоа колку е сериозна Москва во преговорите.

Припадник на цивилната гарда во Киев на барикадаФотографија: Emilio Morenatti/AP Photo/picture alliance

Останува нејасно што бара Путин во преговорите, иако украински претставници рекоа дека немало ултиматуми на состанокот.

Во долг телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот, Путин ги повторил претходните барања за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, но и за признавање на суверенитетот на Крим од страна на Западот. 

+++

Уште додека траеја преговорите, во Киев можеа да се слушнат експлозии. Руските трупи кои ја напаѓаат Украина на повеќе фронтови, бавно напредуваат кон главниот град. Во понеделникот, колона долга 25 километри составена од оклопни возила, тенкови, артилерија и логистика стигнаа на 17 километри од центарот на Киев. 
Битки и натаму се водат во предградијата на Киев, каде што можат да се забележат голем број уништени воени возила и оштетени мостови.

Експлозии во Киев утрото на 28 февруариФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Украинците поставија билборди со пораки за Русите на патиштата на кои пишува: „Руски војници- Стоп! Сетете се на своите семејства. Одете си дома со чиста совест“. Се појавија и други пораки кои не се толку културни. 

+++

Украинците во понеделникот се обидоа да ја зацврстат својата врска со Западот со поднесување барање за членство во ЕУ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии на кои ја потпишува апликацијата за членство, во симболичен потег. Притоа, Зеленски побара неговата земја да биде веднаш примена во ЕУ со специјална процедура. 

Володимир Зеленски со апликацијата за членство во ЕУФотографија: Office of the President of Ukraine

Володимир Зеленски – бившиот глумец во животна улога

Од ЕУ ги поддржаа напорите на Киев, но порачаа дека членството во Унијата е долг процес кој трае со години и предвидува исполнување на бројни услови.

Лидерите на осум држави членки на ЕУ од источна и централна Европа, вклучително и Бугарија, потпишаа барање за итен почеток на пристапните преговори со Украина. 

Десетици мртви и повредени цивили во руски ракетен напад врз Харков

00:21

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми