1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва блискоисточна турнеја на Ангела Меркел

29 јануари 2006

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го почнува дводневниот престој на Блискиот исток со посетите на Израел и на палестинските подрачја:

Меркел патува на Блискиот исток во време на пресврти: во палестинските подрачја изборите за парламентот ги доби радикалниот Хамас, во Израел допрва треба да се одржат избори. Во Ерусалим таа се среќава со заменикот премиер Ехуд Олмерт кој го заменува тешко заболениот премиер Ариел Шарон. Исто така, предвидени се средби со претседателите на Ликуд и на Работничката партија, како и со претседателот Моше Кацав. Портпаролот на владата Улрих Вилхелм објаснува:

„Признавањето на безбедноста и егзистенцијата на Израел останува непроменлив столб на германската надворешна политика. Истовремено, сојузната влада во целот го поддржува мировниот план на меѓународната заедница. Палестинскиот народ има право на држава што ќе живее во мир, безбедност и признаени граници со Израел„.

Меркел ќе патува и во Рамалах каде што ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Не се предвидени разговори со претставници на Хамас чие движење победи на парламентарните избори, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Мартин Јегер, зашто меѓу сојузната влада и Хамас нема никакви контакти:

„Наш партнер за разговори се автономните власти, претседателот, а дури потоа новата влада. На таа нова влада и соопштивме одредени услови и многу внимателно ќе посматраме какви одговори ќе слушнеме„.

Очекувањата на владата во Берлин од палестинска влада ги Улрих Вилхелм вака ги формулира:

„Исполнување на спомнатите точки: безусловно признавање на правото на постоење на Израел, откажување од насилство и положување на оружјето. Тоа се суштинските претпоставки за соработка меѓу Европската унија и палестинските автономни власти„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми