1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва виртуелна прошетка низ Германија со „Гугл“

2 ноември 2010

Спорната услуга на „Гугл“ во Германија, „Стрит вју“, веќе е достапна на интернет, можна е виртуелна посета на првите згради и улици. Предничи, на свое барање, општината Оберштауфен.

„Гугл Стрит вју“ во ОберштауфенФотографија: Screenshot google.de

Интернет-концернот „Гугл“ ја стави онлајн во Германија жестоко оспоруваната понуда за тродимензионално картографско пребарување, „Стрит вју“. Од денеска утрото (02.11.2010) корисниците можат да видат дел од знаменитостите во Германија, како и десетте стадиони на кои се играат натпреварите од Бундеслигата.

Он лајн-прошетка околу седиштето на германската влада во БерлинФотографија: Screenshot google.de

Меѓу другото, може да се направи и виртуелна обиколка околу Столбот на победата во Берлин и седиштето на германската влада.

Посебна е понудата на „Стрит вју“ на баварското мало градче во Алгој, Оберштауфен, кое е омилена цел на туристите. Градската управа од почетокот го поддржуваше проектот на „Гугл“, очекувајќи од него вистинска реклама. Сепак, и таму имаше противници на воведувањето на услугата „Стрит вју“, кои побараа нивните имоти на снимките на „Гугл“ да бидат замаглени. Интернет-концернот има намера услугата „Стрит вју“ во 20 германски градови целосно да ја понуди на интернет до крајот на годината.

Фотографија: Screenshot google.de

Планот наидува на жестоки отпори кај застапниците на заштитата на податоците, поради стравувањата од загрозување на приватната сфера на граѓаните. Според „Гугл“, до нив стигнале вкупно 244.000 приговори, што претставува 2,9 отсто од населението во дваесетте германски градови. „Гугл Стрит вју“ е придружен сервис на понудата на карти и планерот на рути „Гугл Мепс“. Со него може да се види детална панорама на улиците и зградите. За таа цел „Гугл“ изврши снимање со специјални камери инсталирани на автомобили на висина од 2,5 метри, кои се движеа низ улиците. Услугата, во меѓувреме, е достапна во 25 земји.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дпа/ ртре/ дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми