1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва жена осудена за воени злосторства во БиХ

БГ/СН/ап/миа/ртр30 април 2012

Босанската муслиманка Расема Хандановиќ, наречена Зоља, денеска (30.04) стана прва жена осудена за воени злосторства сторени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Фотографија: AP

Некогашната припадничка на специјалните единици на муслиманската армија во БиХ ,Расема Хандановиќ, осудена е денеска во Сараево на 5,5 години затвор поради убиство на хрватски цивили во едно село кај Коњице во 1993 година.

Хандановиќ позната под военото име „Зоља“ во текот на судењето призна дека како припадник на армијата на босанските муслимани учествувала во егзекуцијата на тројца цивили и тројца војници-Хрвати во местото Трусина кај Коњице за време на војната во јужна Босна, во 1993 година.

Хандановиќ, некогашна припадничка на одредот „Зулфикар“ при Армијата на БиХ , во меѓувреме емигрирана во САД, доби помала казна поради договорот за признавање на вината, кој го потпишала со Обвинителството на БиХ.

Хандановиќ за време на злосторството во Трусина имала 21 година. Таа е уапсена во март минатата година во САД, во државата Орегон, каде долги години по војната живеела под лажен идентитет. „Зоља“ за време на војната во Босна ги загубила своите најблиски членови на семејството и била жртва на силување.

Во Обвинителството на БиХ, според податоците од крајот на минатата година, се водат истраги за околу 30 жени за кои постои сомневање дека извршиле воени злосторства.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми