1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва титула за Борусија во новата сезона

21 јули 2011

Борусија Дортмунд го освои првиот пехар во новата сезона. Триумф на Лига-купот во Мајнц, по победата во финалето над Хамбургер. Бајерн едвај до третото место

Нова титула за БорусијаФотографија: dapd

Актуелниот германски првак, Борусија Дортмунд и во новата сезона влезе во шампионска форма. Во финалето на Лига-купот во Мајнц совладан беше Хамбургер со 2:0. Во новоизградената арена во Мајнц, пред 32 илјади гледачи, Сантана и Мохамед Зидан за само две минути ја запечатија судбината на Хамбургер.

Притоа Борусија играше ослабена, без повеќе стандардни првотимци. Невен Суботиќ и Марио Геце беа повредени, а на трибините остана и репрезентативецот Гроскројц.

Овие два тима, инаку, ќе се состанат и во првото коло на новото првенство во Бундеслигата кое започнува на 5 август.

Следниот тест за Борусија е финалето на супер-купот против Шалке, в сабота. Дуелот меѓу актуелниот првак и освојувачот на купот ќе се игра во Гелзенкирхен.

Новески (десно) го промаши клучниот пенал за МајнцФотографија: dapd

Најголемиот фаворит во Бундеслигата годинава, Бајерн Минхен со мака спречи и втор пораз за само два дена во супер-купот. Во дуелот за третото место баварците го совладаа Мајнц на пенали. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено, 2:2, а стрелец на првиот гол беше и македонскиот репрезентативец Николче Новески. Сепак, Новески подоцна го промаши клучниот пенал во петтата серија кој можеше да му донесе победа на Мајнц.

Автор: БГ/АС

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми