1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бонскиот градоначалник имигрант

Кејт Брејди/бг15 септември 2015

Историски настан во поранешниот германски главен град каде Ашок-Александер Сридхаран стана првиот градоначалник со имигрантско потекло. Неговите индиски корени биле ирелевантни за кампањата, вели тој за ДВ

Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

По минатонеделните локални избори, Сридхаран стана првиот кандидат на Христијанско Демократската Унија (ЦДУ) кој победил на изборите во Бон во последните две децении, прекинувајќи го на тој начин 21-годишното владеење на социјалдемократите.
Уште поинтересно е тоа што Сридхаран стана првиот градоначалник во Германија со мигрантско потекло. Роден во Бон во 1965 година, таткото на три деца ги минал детството и студентскиот живот во поранешниот германски главен град, а во текот на кампањата се претставуваше како „Бонско дете“. Неговиот татко, индиски дипломат, пристигнал во Германија во 1950-те години и се оженил со Германка.

Иако неговата кандидатура привлече внимание и во Индија, во разговор за ДВ, Сридхаран вели дека неговите азиски корени не играле улога во кампањата.
„Тоа не е воопшто важно за мене. Не мислев на тоа бидејќи не играше никаква улога во кампањата“.
Но вниманието кое го добива Бон однадвор, сепак би можело на градот да му донесе нешто.
„Секако дека мислам дека е одлично тоа што луѓето во Индија се заинтересирани за мојот избор. Тоа може да придонесе за проширувањето на меѓународниот имиџ на Бон и тоа ќе биде добро за нас. Тука имаме бројни меѓународни компании и организации и чувствувам дека можеме тоа да го зајакнеме“, вели Сридхаран за ДВ.

Родната куќа на Бетовен во БонФотографија: picture-alliance/dpa

Ребрендирање на Бон

На врвот на агендата на Сридхаран, откако ќе ја преземе функцијата во октомври, ќе биде подобрувањето на меѓународното присуство на Бон- политички и економски, како и културно. Од падот на Берлинскиот Ѕид пред 25 години, ткн. Берлин-Бон закон го регулираше движењето на германскиот Бундестаг и на други сојузни институции меѓу двата града. Сридхаран предупредува дека тоа закон не може постојано да се користи на штета на Бон.
„Во последните недели, месеци и години, повеќето договори беа на штета на Бон. Затоа мораме да внимаваме да се почитува законот, а институциите кои доаѓаат во Бон како компензација да не бидат доведени во опасноста“.
Како родно место на композиторот и пијанист Лудвиг ван Бетовен, ново-избраниот градоначалник се надева дека ќе го ребрендира градот.
Потребен ни е симбол за Бон и би сакал да го развивам како 'градот на Бетовен' и да стане прочуен меѓународно“, вели Сидхаран.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми