Сцените на кои сме навикнати само од научно-фантастичните филмови сега се многу поблиску до обичните луѓе.
Реклама
Во кинескиот град Гвангжу својот прв јавен лет го имаше првиот беспилотен патнички воздухоплов наречен Еханг 184. Со новоразвиеното летало, сѐ што патниците ќе треба да сторат е да влезат во малата кабина, да ги врзат сигурносните појаси и автоматскиот систем за летање го презема останатото.
„Ниту еден од традиционалните воздухоплови не може да ја оствари целта за целосно автономно летање, така што тие сѐ уште се далеку од обичните луѓе. Но нашиот успешен лет значи дека сцените на кои сме навикнати само од научно-фантастичните филмови сега се многу поблиску до обичните луѓе“, истакна Ху Хуажи, генерален дирактор на кинеската технолошка компанија Еханг.
Првиот патнички дрон во светот
00:33
Нејзиното летало Еханг 184 работи на електричен погон и може да превезува еден патник со тежина до 100 килограми на лет долг 23 минути со брзина од 100 километри на час. Компанијата вели дека дронот бил тестиран преку 1.000 пати и оти е дизајниран да издржи умерен ветер до 50 километри на час. Во минатата година, градот Дубаи најави планови за соработка со Еханг за развој на самолетечко такси за превоз на патници низ градот.
Компанијата меѓутоа предвид има поширок пазар: „Дронот може да им помогне на луѓето да го избегнат сообраќајот на земја, но можеме да размислуваме и за други примени како на пример во итната спасувачка служба, или може да пренесуваме пациенти до болница или во туризмот да превезуваме луѓе од еден на друг остров“, вели Дерек Сионг, соосновач на Еханг. Во компанијата велат дека беспилотниот патнички дрон ќе биде пуштен во комерцијална употреба во рок од една година.
Роботи во секојдневието
Роботите не само што светкаат и брчат, туку можат и да сервираат јадење! Во Кина тоа веќе е сосема нормално, иако машините би можеле да „научат“ уште по нешто од луѓето-келнери.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Zhang
Што ќе нарачате?
Кина, што се однесува до техничките „зафрканции“ е често меѓу лидерите во светот. Корисно или само оригинално? Тоа е споредна работа. Роботите, како на фотографијата, веќе преземаат келнерски задачи во ресторан.
Фотографија: picture-alliance/epa/P. Hilton
Јадењето е готово!
Се разбира, малите хуманоидни машини се извонредни за носење на готовото јадење на маса. Предноста е што роботите никогаш не се уморни, а и не мрморат - тие едноставно си ја вршат работата. Само што, кога гостите сакаат на нешто да се пожалат, станува компликувано...
Роботите се употребуваат не само за служење на гостите, туку и за готвење. Притоа, нивната дејност е ограничена само на подгревање на веќе зготвени јадења. Подготвувањето и готвењето мора да го преземат нивните колеги-луѓе.
Но не сите роботи во рестораните изгледаат многу човечки. Овој робот на фотографијата, на пример, нема глава, раце или нозе. Тој е составен така за да си ја завршува работата, без многу детали. Но со оглед на тоа што е наменет за работа во кујна, а не за сервис, тоа и не е важно.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Добри се и за забава...
Во робот-ресторанот во близина на Шангај машините се задолжени и за забава на гостите. Програмата за забава е добро прифатена од муштериите. Така барем може да се заклучи од нивните коментари на интернет: „Шоуто ми се допадна - храната не чини“ или „Храната во овој ресторан е споредна работа“.