1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првиот трилион на Амазон

БГ
5 септември 2018

Компанијата Амазон во вторникот накусо му се придружи на Епл како втора компанија во светот чија вредност достигнала илјада милијарди долари на берзата. Вредноста на акциите на Амазон во последнава година се удвои.

Symbolbild: Gebäude Amazon
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Mortagne

Аналитичарите прогнозираат дека доколку продолжи растот на акциите на Амазон прашање е кога, а не дали, оваа компанија ќе го надмине Епл според својата берзанска вредност. Епл достигна вредност од еден трилион долари на 2 август годинава.

На Епл му беа потребни речиси 38 години како јавна компанија да го достигне успехот, додека Амазон истото го постигна за 21 година. И додека Ајфонот и другите популарни производи на Епл и натаму се продаваат во огромен број, а неговиот профит расте, сепак не може ни да се спореди со огромниот раст на продажбата на Амазон.

Амазон ги импресионираше инвеститорите со својата разновидна понуда во речиси секој агол на трговијата, менувајќи го начинот на кој потрошувачите ги купуваат своите производи.
„Тоа говори многу за Амазон и за неговата растечка доминација на пазарот на малопродажбата како и онлајн сервисот на компанијата“, вели Петер Туз, американски финансиски аналитичар. „Тие имаат само мал дел од светскиот пазар на малопродажба, па оттука имаат уште многу простор за раст.
Најголемиот раст на профитот Амазон практично им го должи на „облачните“ услуги (cloud computing). Хостирањето му носи на Амазон околу 55 проценти од оперативниот приход, или 20 отсто од севкупниот прилив.

Џеф Безос основачот на Амазон е еден од најбогатите луѓе во светотФотографија: picture-alliance/AP Photo/T. S. Warren

Својот бизнис со Амазон, основачот Џеф Безос го започна како онлајн книжарница во 1994, а на берзите е од мај 1997 кога една акција имала вредност од 1,5 долари. До октомври 2009 година вредноста на акцијата расте до 100 долари, а границата од илјада долари ја надминува во октомври 2017 година. Денес, акцијата на Амазон се тргува за нешто над две илјади долари. Само во последната година вредноста на акциите на компанијата се зголемила за 74,5 проценти. За споредба, вредноста на акциите на Епл во 2018 пораснала за 35 проценти. Заклучно со септември годинава, се очекува приходите на Епл да пораснат за 14,9 отсто, додека оние на Амазон за 32 проценти.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми