Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка
СН/агенции
15 јуни 2020
По повеќемесечна пауза поради коронавирусот, авион со германски туристи слета на шпанскиот остров Мајорка.Тие се дел од пилот-проектот со кој се тестираат сигурносните мерки против Ковид-19, кои ќе важат за цела Шпанија.
Реклама
Авионот на германскиот туристички авиопревозник ТУИ Флај, кој со 189 патници беше исполнет до последното место изутрината полета од аеродромот во Диселдорф. „Се радувавме на патувањето на Мајорка . Чекавме пет месеци да можеме да дојдеме и пресреќни сме што тоа се случи“, изјави Георг Касабах, кој живее во близина на Келн за германската новинска агенција ДПА, пред полетувањето.
Интересот на шпанските и на германските медиуми за полетувањето на првите летувалци по цели 92 дена застој беше огромен: околу 100 новинари ја дочекаа првата група туристи од Германија на аеродромот „Сон Сант Жоан“ во Палма де Мајорка.
Од денеска, најнапред само на туристи од Германија им е дозволено да патуваат на Балеарските острови Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера.
Во првиот контингент се дозволени до 10 900 патници. „Желбата да се патувате до плажите на Медитеранот е голема - првите датуми за патување во рамките на пилот-програмата беа целосно резервирани во рок од 36 часа на почетокот на минатата недела“, рече претставникот на туристичкиот оператор ТУИ, Себастијан Ебел.
Според регионалната власт на Балеарските острови, Германија била избрана затоа што од таму доаѓаат најголем број летувалци во Шпанија и пандемијата во Германија е во еднаква мерка под контрола како и на Балеарските острови. Попладнево, од Франкфурт треба да пристигне и втор авион со германски туристи.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Пилот-проектот има за цел да ги тестира сигурносните мерки против Ковид-19, кои ќе се користат низ цела Шпанија кога земјата на 21-ви јуни ќе ги отвори одморалиштата за масовен туризам од земјите од Шенген-зоната. Поради падот на бројот на инфекции од коронавирусот, шпанската влада туристичко отворање наместо на 1 јули како што првично беше планирано го премести за девет дена порано односно на 21 јуни.