1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Првите туристи пристигнаа во Црна Гора

СН/агенции
1 јуни 2020

Од денеска (1 јуни) црногорските граници и туристички одредишта се отворени за државјаните од 131 земја. Македонските граѓани, меѓутоа, во догледно време нема да можат да патуваат во Црна Гора.

Zehn Gründe für Montenegro - Bucht von Kotor an der Adria
Фотографија: DW/C. Deicke

Туристи од европските држави почнаа да влегуваат во Црна Гора по полноќ, кога стапи на сила дозволата за влез во земјата без канрантин за земјите во кои стапката на атктивни случаи со инфекција од коронавирусот е помала од 25 на 100.000 жители, соопштија од владата на Црна Гора.

Херцег Нови, Тиват и Улцин се дестинациите кон кои се упатија првите туристи, три брачни двојки, соопштија од Службата за односи со јавност од владата на Црна Гора.

Од владата додаваат дека претставниците од Министерството за одржлив развој и туризам и Националната туристичка организација им делеле подароци на туристите кои влегле во Црна Гора.

Институтот за јавно здравје ја ажурираше синоќа листата на земји чии државјани од денска ќе можат да влезат во земјата, прецизирајќи дека станува збор за 131 земја.  Од листата отпаднаа С. Македонија и Ирска во кои бројот на новоинфицирани случаи со коронавирусот е зголемен на повеќе од 25 на 100.000 жители.

Повеќе:

-Германија ќе дозволи патувања за 31 европска земја од 15 јуни

-Се чека знак за старт: Летен одмор во Европа

-Нови чекори за спас на грчкиот туризaм

Од Институтот за јавно здравје е соопштија оти се свесни за фактот дека и пред првата фаза за попуштање на мерките на границите многу семејства долго беа разделени. „Ако сите заедно успеавме толку долго да бидеме трпеливи и спасени сигурни сме дека неколку дена или недели, колку што на одредени држави ќе им биде потребно да ги достигнат нашите критериуми, нема да претставуваат поголем напор ниту жртва која сите заедно ќе ја издржиме без разлика на која страна на границата се наоѓаме.“

Националното координативно тело за заразни болести донесе одлука дека од денеска, 1 јуни, Црна Гора ќе ги отвори сите патни гранични премини кон соседните држави, кои беа затворени во рамки на мерките против ширење на коронавирусот. Земјата беше успешна во справувањето со вирусот, со само 324 регистрирани случаи и 9 починати од Ковид-19.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми