1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први мини победи за Трамп и за Клинтон

СН/ агенции
8 ноември 2016

Гласањето на претседателски избори во САД почна во три села во сојузната држава Њу Хемпшир точно на полноќ. Во две од нив победа однесе Клинтон, а во едно Трамп. Тој сепак победи во вкупниот број на освоени гласови

US-Präsidentschaftswahl 2016 - Dixville Notch, New Hampshire
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Chiche

Избирачите во три мали места во сојузната држава Њу Хемпшир први го дадоа својот глас на претседателските избори во САД,, веднаш по полноќ по локално време. Кандидатот на Репубиканската партија Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон во вкупниот број освоени гласови со 32 спрема 25, додека кандидатката на демократите може да се пофали со победа во две од трите места во Њу Хемпшир.

Припадниците на седмата сила беа во далку поголем број од вкупно осумте избирачи во Диксвил Ноч каде традицијата за гласање на претседателските избори  веднаш по полноќ и непосредно објавување на резултатите трае од 60-те години на минатиот век. Законот на Њу Хемпшир им овозможува на местата со помалку од 100 жители да ги отворат своите избирачки места веднаш по полноќ, што стана традиција на која мештаните се горди.

Гласањето во САД почна- познати и првите резултати

01:00

This browser does not support the video element.

Хилари Клинтон го победи Доналд Трамп со четири гласа спрема два на гласањето во Диксвил Ноч. Таа истотака извојува победа од 17:14 во освоени гласови во Харц Локејшн, место со 40 жители.

Но победата на Доналд Трамп во местото Милсфилд беше далеку поубедлива. Тој освои 16 гласови додека Клинтон само 4. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми