1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први реакции во Берлин: ЦДУ, СПД и ФДП задоволни од исходот

27 март 2006

Разочарување кај Зелените. Во Берлин денеска сојузните партиски раководства ќе ги проанализираат вчерашните избори во три германски покраини

Фотографија: AP

Избирачите му дадоа подршка на владиниот курс, со тоа и на канцеларот Ангела Меркел, оцени генералниот секретар на ЦДУ Роналд Пофала и им честита на победниците од своите редови: „Германската ЦДУ се радува дека двајца успешни покраински премиери, Волфганг Бемер и Гинтер Етингер, се реизбрани со голема согласност на граѓаните. ЦДУ победи на изборите во Саксонија-Анхалт и во Баден-Виртемберг. Срдечни честитки“.

Шефот на СПД Матијас Плацек резултатот во Рајнланд-Пфалц го означи како грандиозен успех, кој, според него, се должи на извонредната работа на покраинската влада во текот на долги години: „Моите први честитки без заобиколување одат на стариот и нов покраински премиер Курт Бек. Срдечни честитки на целата екипа од Рајнладн-Пфалц“. Бек, инаку, е заменик на Плацек во партијата на сојузно ниво.

Шефот на либералите Гидо Вестервеле исто така зборуваше за изнонреден резултат на неговата партија. Претседателот на Зелените Клаудија Рот, напротив, се пожали на деполитизација што настана со големата коалиција. Нејзината партија веќе нема да биде застапена ни во Рајнланд-Пфалц, ниту во парламентот на Саксонија-Анхалт. „Тоа што во трите покраини јасно се потврдени премиерите покажува дека многу помалку беа во прашање темите и проблемите кои мора да бидат решавани, дека не стануваше збор за политичките предизвици, и оти големата коалиција фактички придонесува за голема деполитизација“ – рече Клаудија Рот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми