Први технички разговори ЕУ-Србија в четврток
13 јули 2013Преговарачката структура вчера (12.07.) му беше предадена на генералниот директор за проширување во Европската комисија Јуст Корт од страна на потпретседателката на српската влада задолжена за европски интеграции Сузана Грубјешиќ.
Во рамките на преговарачката структура на Србија ќе се одвива и првиот чекор во преговорите, односно т.н. скрининг, под кој се подразбира споредбено анализирање на усогласеноста на законските прописи на Србија со европското законодавство.
Во рамки на подготовките за првите технички разговори е нагласено дека тие ќе бидат фокусирани на поглавјата 23 (правосудство и основни права) и 24 (правда, слобода и безбедност). Првите технички разговори меѓу ЕУ и Србија ќе бидат одржани в четврток на 18 јули во Белград.
Ден претходно, односно на 17 јули, во српската престолнина пристигнува комесарот за проширување Штефан Филе.
Генералниот директор за проширување во Европската комисија ја советува Србија да ги користи искуствата на Хрватска и Црна Гора во пристапните преговори. Хрватска од почетокот на месецов е членка на ЕУ, а Црна Гора води преговори за членство.