Пластиката во водите и во почвата станува растечки проблем, а сега научниците првпат открија ситни пластички честички во човечкиот измет и тоа кај испитувани луѓе низ цел свет.
Реклама
Научниците од Австрија во пилот-студија првпат докажале присуство на микрочестички пластика во проби од човечки измет и тоа кај сите испитувани лица, соопшти денеска Медицинскиот универзитет од Виена во соработка со австрискиот Еколошки сојуз.
Испитаниците на возраст меѓу 33 и 65 години, кои живеат во различни континенти и не се познаваат меѓусебно, една недела воделе дневник за својата исхрана по што предале проби од измет. Сите тие во исхраната во неделата додека траело испитувањето користеле намирници спакувани во пластика и пиеле пијалоци од пластични шишиња. Најголем дел од нив освен тоа јаделе риба и морски плодови, никој не се хранел исклучиво вегетаријански.
„Во нашата лабораторија кај испитаниците можевме да докажеме девет различни видови пластика со големина од 50 до 500 микрометри“, истакнува Бетина Либман, експерт за анализа на микропластика во Сојузот за екологија. Таа е изненадена пред сѐ од мноштвото видови пластика, од која најчести биле полипропилен и полиетилентерефталат. Но, со оглед на бројчано малата експериметнална група, не може да се докаже корелација меѓу исхраната и присуството на пластика во човечкото тело. Научниците планираат студијата во иднина да ја прошират со поголем број испитаници, како и повеќе нови студии околу штетноста на пластиката за човечкото здравје.
Пластиката е омилена во иднустријата. Сигурно нема материјал кој е попогоден за создавање различни облици и бои. Пластиката може да биде цврста и крута, мека и еластична, а ја има во сите бои.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Светлечка музика
Виолончелото е од пластика произведена од Бајер. Неговото транспарентно тело може да свети во ритамот на музиката. Зависно од тоа како е програмирано виолончелото, тоновите можат да бидат покажувани и во боја. Ученикот така може да види дали свири правилно или не. А на виолончелото можат да бидат проектирани и слики.
Фотографија: Bayer Material Science
Автомобил од пластика
Поликарбонатотот е многу цврст и тврд материјал. Шофершајбната е од толку проѕирна пластика, што речиси не се разликува од стакло, а таков поликарбонат може да се употреби и на други места. Овој автомобил се состои во најголем дел од пластика и е многу полесен од обичниот автомобил. Кај него може да се заштеди многу гориво.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Кабли во ткаенина
Колку се различни можностите за примена на пластиката, покажува и овој УСБ кабел во институтот Фраунхофер. Тој може да пренесува сигнали кои стигнуваат од сензорите во облеката. Така на пример може да се следат животните функции на пациентите или пожарникарите во зграда зафатена од пожар.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Пливање како делфин
Оваа моно-перка е прикачена на т.н. „ехоскелет“. Сензорите препознаваат кои движења сака да ги изврши пливачот и со помош на мали серво-мотори им помагаат на рацете и нозете во изведувањето на движењата. Така не само што може да се плива како делфин, туку и многу подолго да се остане во вода.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Потпора при физичка работа
Истиот принцип се применува и овде кај комбинезонот за цело тело. Тоа е идеално за луѓе со хендикеп, чии мускули се слаби. Но, таква облека добро би им дошла и на физичките работници при пренесување мебел и други тешки предмети, на пример кога треба да се пренесе клавир на некој од повисоките спратови.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Против чкртање ѕидови
И ова е пластика, површина која ја отфрла нечистотијата. Може да се употреби на пример како заштита од чкртање по ѕидови. Тоа може да им заштеди многу пари на сопствениците на куќи и на железниците, чии возови се често предмет на таков вандализам.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Пластика од дрво
Овие објекти се состојат од дрвени или други природни влакна. Тоа дури и се гледа на нив. Ако погледаме подобро, се гледа сличпност со табли од иверица. Па сепак, таквата „органска пластика“ може добро да послужи во производството мебел или за обложување разни објекти.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Дрвените состојки стануваат невидливи
Овој капак од автомобилскиот резервоар за гориво исто така содржи дрво. Целулозата во прав е помешана со полиетилен. Стручна агенција за обновливи суровини се залага за користење биолошки состојки во обичната пластика заради нејзино јакнење.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Лигнинот како суровина
При добивањето целулоза, останува уште една непотребна состојка, лигнин. Тој материјал со помош на био катализатор може да се распадне на составни делови. Научниците од институтот Франхофер се надеваат дека од него можат да создадат нови полимери, како основа за нов вид пластика.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Влакна од млечна киселина
Органските материи имаат многу поголема можност за примена ако бидат распаднати на молекуларните составни делови. Таквите влакна од полиактид, еден полимер на млечната киселина, се произведени од отпад од пченка. Ваквите влакна можат да бидат употребени и во медицината, а од нив може да се прави и облека.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Оклопот на ракот како суровина за пластика
За производство на пластика можат да послужат дури и оклопите на ракови. Тие содржат хитин, кој е добра состојка за нови полимери. Така може да се решава и еден еколошки проблем. Имено, отпадот од исчистените ракови кој завршува на депониите не само што предизвикува непријатна миризба, туку создава и гасови штетни за здравјето.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Сунѓер од јаглероден диоксид
Овој сунѓер делумно е создаден од испуштените гасови од една електрана. Со помош на специјален катализатор од Бајер, одвоен е јаглеродниот диоксид. Од него научниците создаваат нови полимери. Предноста на постапката со катализаторот е што се троши малку енергија.
Фотографија: Bayer Material Science
Од експеримент до сериско производство
Сунѓерот од јаглероден диоксид веќе за неколку години би можел да се најде во нашите домови. Ова е лабораториска постројка во Леверкузен каде веќе се произведува. Од 2015. година би можело да следи сериско производство.