1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв електро-автопат во Германија

ЕМФ / дв
10 мај 2019

Во покраината Хесен е отворен првиот тест-автопат за товарни возила кои возат со помош на струја од електро-мрежата над автопатот. Доколку тестот се покаже успешен, ќе бидат електрифицирани и други автопати.

Deutschland E-Highway Hessen A5 Teststrecke
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stein

На германските автопати има сѐ повеќе камиони чии мотори испуштаат јаглерод диоксид и со тоа ја загадуваат животната средина. Владата во Берлин пак ги зајакнува обидите за реализација на својот план за заштита на климата и постигнување на целта - товарниот сообраќај до 2050 година да се одвива без испуштање штетни издувни гасови.

Фотографија: picture-alliance/C. Erler

Една од можните мерки за остварување на оваа цел сега се тестира во Хесен. Во рамки на проектот ЕЛИСА (Електрифициран иновативен товарен сообраќај на автопатите) електрифициран е дел од автопатот А5 во покраината Хесен во должина од пет километри, и тоа десните ленти во двата правца. На овој т.н. е-автопат во наредните години повеќепати во денот ќе сообраќаат пет електро-камиони, опремени со кабли преку кои ќе се снабдуваат со струја од електро-мрежата над патот. Електричната енергија која притоа ќе се користи ќе потекнува од обновливи извори на енергија.

#DE_facto: (Не)совршените автопатишта во Германија

02:31

This browser does not support the video element.

Дизел моторот останува во игра

Во Хесен ќе се тестира пред сѐ како новите електро-камиони ќе се однесуваат во нормалниот сообраќај на еден од најоптоварените автопати во Германија. На пример, при претекнување камионот мора да ја напушти десната електрифицирана лента. Тогаш во игра влегува батерија (акумулатор) која се полни со струја додека возилото е во десната лента. Доколку акумулаторот се испразни, камионите се снабдени и со дизел-мотори. Со батерија и дизел камионите би требало да бидат мобилни насекаде, значи и на улиците каде нема електромрежа.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stein

Освен во проектот во Хесен, за кој Министерството за екологија има одвоено околу 15 милиони евра, тест-автопати треба да има и во покраините Баден Виртемберг и Шлезвиг Холштајн. Податоците кои ќе се собираат од тестирањата потоа ќе се анализираат и ќе се донесе одлука дали е воопшто исплатлива изградба на ваква технологија на други автопати.

Повеќе:

 Автоиндустријата пред дилема: трансформација или пропаст

Измамата наречена електричен автомобил

Во Германија годишно се транспортира стока со тежина од околу 4,5 милијарди тони. Над 70% од тоа се пренесува со камиони кои имаат мотори на согорување. Нивната поеколошка алтернатива - товарните возови - пренесуваат околу 20% од стоката.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми