1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв состанок на министри од Косово и Србија

14 септември 2005

Во Виена в петок ќе се состанат српските и косовските министри за локална самоуправа, Зоран Лончар и Луфти Хазири. Иако тие ќе се занимаваат повеќе со практични, а помалку со политички прашања, средбата е од голема важност бидејќи е прв состанок на министрите на српската и косовската влада.

Жители на Приштина
Жители на ПриштинаФотографија: AP

Во политичките кругови како охрабрувачка се оценува изјавата на шефот на цивилната мисија на ОН на Косово, Сорен Јесен Петерсен, дека улогата на Белград околу идните преговори ѕа конечниот статус ќе биде од големо значење. Во тој контекст се и очекувањата од претстојниот состанок во Виена.

Министерот во владата на Србија за локална самоуправа, п Зоран Лончар, пред утрешниот состанок, по тој повод вели:

,, Предмет на разговорите ќе биде децентрализацијата на власта на Косово и начинот за заштита на правата, пред се , српското и останатото неалбанско население„

Судејќи според зборовите на Лончар, раѕговорите ќе се движат во рамките на темите кои најчесто се споменуваат,:

,, Тоа ќе биде можност да се изнесат забелешки на досегашниот процес на реформите на локалната самоуправа на Косово, како и од своја страна да укажеме зошто сметаме дека тоа не е доволно. Треба да се ѕаштитат правата на сите граѓани од неалбанска националност на Косово и да им се овозможи она што е интерес, се надевам, на сите политичари – а тоа е сите граѓани да имаат мирен и безбеден живот“

Ваква тема демонираше и на српско албанските раѕговори од пред две и пол години, исто така во Виена. На нив присуствуваа претставници на ЕУ, НАТО и уште неколку меѓународни организации. Тогашниот потпретседател на координациониот центар за Косово Небојша Човиќ изнесе повеќе забелешки:

,, Наместо да го искористат овој виенски состанок за дијалог околу горчливите, животни проблеми, властите продолжија на Косово и Метохија да му наметнуваат државни атрибути. Овие воведни напомени секако би биле непотребни доколку нашиот состанок , со низа незрели одлуки, го изгуби очекуваното значење. “

И тогашниот претседател на српската влада, Зоран Живковиќ, укажа на важноста да се решат основните проблеми:

,, Практичните прашања, прашањата на нормалниот живот, се есенција на политичкото делување. Остварувањето на правото на нормалниот живот е врховна цел на секој политичар. Затоа овој политички дијалог кој нема да се ѕанимава со статусот, но стандардите се мошне важно политичко прашање“.

Во суштина, министрите Лончар и Хазири ги обновуваат животните теми, кои под притисок на крупните политички прашања беа ставени во втор план.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми