1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Консултации на Шолц и Бајден за украинската криза

ЖА / агенции
11 декември 2021

„Се радувам на заедничката соработка“, твитна Џо Бајден по телефонскиот разговор со Олаф Шолц. Американскиот претседател и германскиот канцелар размениле мислења за меѓународните кризи и глобалните предизвици.

Deutschland I Olaf Scholz und Joe Biden I virtueller Gipfel für Demokratie
Фотографија: Michele Tantussi/AP/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа го водел првиот телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден. Како што соопшти владината прес служба, Бајден му го честитал стапувањето на должноста на Шолц. Во разговорот биле подвлечени тесните врски меѓу Германија и САД. Шолц и Бајден се согласни дека трансатлантското партнерство нема алтернатива во совладувањето на актуелните и идни предизвици. Според кабинетот на Бајден, двајцата државници разговарале околу напорите за сузбивање на пандемијата на коронавирус, борбата против климатските промени и стационирањето руски воени сили на границата со Украина. 

„Се радувам на тесна соработка во пресретнувањето на сите глобални предизвици, вклучувајќи ги и трансатлантските напори околу рускиот дестабилизирачки марш долж границата кон Украина“, напиша Бајден на Твитер по разговорот.

Бајден во вторникот имаше  видео-самит со рускиот претседател  Владимир Путин во кој централна тема беше украинскиот конфликт. Русија трупа десетици илјади свои војници на границата со својот сосед, што кај  Западот предизвикува стравување од руска инвазија во Украина. Москва ја отфрла таквата можност, обвинувајќи ја од своја страна Украина за провокации. Во случај на  руска инвазија во Украина, Бајден му се закани на Путин со драстични економски санкции.

Во Источна Украина уште од 2014 година се водат борби меѓу проруски милиции и украинската арија, откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крит. Русија во конфликтот ги поддржува сепаратистите кои во Луганск и Доњецк прогласија независна република, во борбите загинаа преку 13.000 луѓе.

Олаф Шолц во средата беше избран за нов германски канцелар во Бундестагот, а оваа недела ја почна својата активност на надворешнополитичката сцена со посетите на Париз, каде се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа и во Брисел, во седиштето на ЕУ. Притоа Шолц ги истакна своите заложби за силна ЕУ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми